На прво место

Николоски: НЕ! за уставни измени под Бугарски диктат, да за Македонија ослободена од криминал и корупција

36338

36338

Колумна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за порталот „Фокус“.

Работата на уставната комисија покажа дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени под диктат. Тоа е јасно и на 25ти Јули сите лаги на власта на СДСМ и ДУИ  се распрснаа како меур од сапуница.

Тој ден заврши пропагандата и се виде кои се јасните ставови на сите политички партии. Во комисија за уставни прашања има 17 члена, од кои што 7 се на ВМРО-ДПМНЕ и сите 7 гласавме против, јас сум еден од тие 7 кој што гласаше против. Така што јасна е волјата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Ние бараме да не се чека до 18 август, туку ако може утре, задутре да се стави на гласање на пленарна седница со цел да пропадне оваа фарса која што ја прави власта и да се види дека власта нема 2/3 мнозинство и дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не е спремен да подржи уставни измени под бугарски диктат.

Затоа барам од владејачкото мнозинство ако можат уште утре или задутре да ја свикаат пленарната седница, да не чекаат до 18 август за да видат сите кои се позициите на сите политички партии. И јасно е дека власта нема мнозинство. Уште еден пратеник од власта кажа дека нема да гласа за уставните измени и тој е 3 пратеник од власта кој што кажа дека нема да гласа за уставните измени. Така што јасна е ситуацијата, а јасна е и народната волја која што ВМРО-ДПМНЕ ја испочитува.

Ова генерација на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека држи до ставовите и дека кога ќе каже не, тоа не останува не.

Ние предлагаме веднаш да се стави на гласање за да се види дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да го поддржи овој предлог за уставни измени. Тие уставни измени ќе пропаднат и веднаш после тоа да се распуши Собранието и да одиме на брз предвремени избори на кои што граѓаните ќе можат да го кажат своето мислење, Октомври месец е идеален за одржување на избори.

Копенхашките критериуми се мерилото на една земја колку напреднала на патот кон Европа и тие се лесно мерливи, а не се подвижна цел. Тој пат го изоделе другите и ние баравме шанса и Македонија тоа да го направи. Како што рековме и кога се носеше тн Француски предлог, кој всушност беше бугарски предлог, овој пат под овие услови ќе се претвори во бескраен процес во кој на една маса ќе зборуваме за некое поглавје, а на другата поважна маса ќе се одлучува дали во учебникот за петто, четврто или седмо одделение треба да прифатиме бугарски историски наратив за Кирил и Методиј, Кресненското или илинденското востание. А кога е во прашање дискриминацијата, во Македонија денес единствено дискриминиран народ е македонскиот и единствена дискриминирана група е онаа на огромното мнозинство кое власта сака повторно, уште еден пат да го игнорира и да се претстави како некаква далековида власт која имала храброст да носи тешки одлуки. Ако одлуките се тешки, не може или не значи дека се добри. И сите кои се кријат зад некаква лажна храброст дека носеле тешки одлуки, треба да се засрамат и да ја наведнат главата пред секој граѓанин на Македонија. Бидејќи не е храброст да прифатиш беспоговорно се што ќе ти побара тој наспроти тебе, само затоа што чувствуваш дека твојата фотелја и комодитетот му го должиш нему, без оглед од кај доаѓа – од Атина, Софија или Брисел. Секое друго гледање на работите и постапки не се демократија, туку се тиранија и национално предавство.

Затоа НЕ за уставни измени под Бугарски диктат, да за Македонија ослободена од криминал и корупција.

Најново од: На прво место

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Вечерва во Охрид: „Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Вечерва, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Патување кон корените“. Ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски. На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мане Јаковлески и други членови на Управниот одбор […]

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

To top