На прво место

Мицкоски за владината кампања Ние сме Европа: Тоа е плагијат, не е европска вредност да клекнете во Софија

1Gazi

1Gazi

Мицкоски за владината кампања Ние сме Европа: Тоа е плагијат, не е европска вредност да клекнете во Софија и да потпишете договор со кој национално ќе го обезличите народот како што прави Владата

Кампањата на владата Ние сме Европа е еден плагијат, бидејќи нема ништо оригинално кај Владата на ДУИ и СДСМ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на општина Гази Баба.

„Најмалку овие политички измамници, криминалци имаат право да се повикуваат на Европа, бидејќи тие се срамот за Европа. Се додека овие луѓе се претставуваат себе си како промотори на европските вредности, за жал и кредибилитетот на самата Европа во очите на граѓаните ќе опаѓа“, кажа Мицкоски.

Овде, додаде тој,  и европските дипломати имаат можност да интервенираат кај Владата да не ја злоупотребува Европа, „бидејќи европска вредност не се чекорите на Владата да потпишува на слепо секакво национално предавство, туку европска вредност е она за што зборував претходно, како квалитетно образование, здравство, силна економија и слично, тоа е вистинска европска вредност“.

Мицкоски укажа дека се што Владата прави нема врска со европска вредност.

„Не е европска вредност да клекнете во Софија и да потпишете договор или протокол со кој национално ќе го обезличите народот и да се претставувате како европски политичари. Тоа е предавство и за тоа предавство историјата ќе суди“, заклучи Мицкоски.

Најново од: На прво место

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

To top