На прво место

Ковачевски лаже за монструозниот скандал со Онкологија

1onkol123450
1onkol123450
Системот за следење лекови кој сега го најавува бил укинат од кадрите на СДС и ДУИ  во 2017
Колку треба да е безочен Ковачевски, за вака да лаже и да манипулира за скандалот со крадењето и трговијата со цитостатици на клиниката за онкологија. Овој криминал не е “мултикултурен“ како што вели Ковачевски, туку е директно поврзан со кадрите кои го раководат здравството и соодветната институција, кадри кои се негов избор или производ на неговиот коалициски пазар.
Ковачевски свесно лаже дека допрва ќе воведуваат систем за следење на лековите и терапијата, а не кажува дека ист таков систем бил воведен во клиниката за Онкологија во 2016-та и истиот бил укинат и фрлен во подрум веднаш штом СДС ја добива власта и поставува свој кадар во клиниката.
Сега е веќе јасно зошто бил исклучен системот за следење на терапијата, за терапијата да ја снемува, пациентите да се соочуваат со недостог или да примаат само физиолошки раствор, а ампулите кои чинат по илјадници евра да завршуваат на црниот пазар.
Ковачевски лаже, суши.
Тој многу добро знае дека за состојбите на клиниката за онкологија знаеле менаџерскиот тим и министрите кои ги именувал. Сите тие вклучително и тој се одговорни  за тоа како одредени пациенти мака мачат да ги добијат лековите кои за нив живот значат, додека за други ги имало под рака или ги добивале истите лекови кои бесплатно ги следат но на црн пазар. 
Овој монструозен скандал е многу повеќе од обична корупција која ја практикува власта на Ковачевски. Овде се работи за крадење од болните кои се борат за ден повеќе живот. И Бог, но и народот ќе им судат. Одговорност и кривична, но и политичка ќе има.

Најново од: На прво место

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

To top