На прво место

Марија Емилија Кукубајска: СРЕЌЕН ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА, МАКЕДОНИЈО!

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

(Хепатија, самопрогласена свештеничка-проститутка  во пагански храм, 4-3 в.п.н.е) 

СЛАВИМЕ И ПРОТИВ ХЕПАТИИ И ХИПОКРАТИИ

Лажни пророци се издигнувале, дрогирале и учени и припрости вљубени во перверзирани верзии на вери и убедувања. И во стар и во нов век, и на стар и на постар континент, Хепатии предавале за „љубов и слобода“, а се препродавале и себе и народ, следбеници. Слободата им била сабја за генитална моќ преку блуд во храмови на измамата, а од жртвите барале да ја прогласуваат за генијална – за моќна ноќ, за маѓија што владее закрилена со змиска кожа, покрај лукав був, во ложа на  дворогиот господ-Ар.

Хепатија и заведените, и ѕвезди вртеле против оние што се бистро блескави небесни дела, што се без подземни и надземни кошмари како нивните. И на сонцето му завидувала пакосната, мрачна, мачна, врвно бедна, а за сезнајниот и семоќен Бог – безвредна Хепатија. Пресметувачка на ликвидации за секој што не и’ се покорува, а самата не знае да одброи години од Стариот Завет ниту дистанци меѓу космички тела. Танчерка со интриги за секој што нејзините лаги ги разорува со севидливо око на правдата. Ќерка на убиец на вистини, со ќерки од повеќе жени, таа продолжува преку 1001 г-рев во храмот на арамот, мажите да ги прска со грешни води, и во транс да ги води во невидени гревови, или засекогаш да ги отпишува од храмови најверните, невидено учените и убавите суштества на векот.

На врвот на јазикот носи зијан, злоба, и со закони на измамата шири учења за уметноста на крадење духовни дела. Неуките ги гали по рамо, а зад грб им зарива трозабец, за да не ја потсетуваат дека му служи на Мајсторот на илузии. Со него се здружи, за да не ја стигне клетва дека сама си увеличува моќ со сончева бура во демонска ноќ. Бакнува нозе и на црковни фарисеи, глуми и лажно следи нивна постапка, згрозена и од сопствената лукава одлука, па се сокри и исповраќа секоја божемна вистина за нејзината важна в-ера.

Хепатија само навидум останува сама. Од сите страни на нејзините х-рамови надоаѓаат лица сведоци за нејзините срамови украсени со нејзини злодела. Следбениците што беа против неа постанаа огледала на нејзината измамничка похота без мера, гладна да ги проголта живи, да им сожвака и дела и тела, да ги закопа по ниви во сопственост на нејзиниот брат Брут. Но, и тој и’ се заканил да ја от-фрли онаму од каде дошла, во Баал-ов скут и во лажни вражни евангелија.

Хепенинг ли е ова на Хепатија, или самоодбрана во нејзиниот бесрамен храм!? Ослепела ли!? Кон погрешен народ сега се врти да бара љубов, кога љубовта и’ се чини грешна, омразена, згазена – од самиот Создавач на Љубовта?! Љубовта е несебична, Хепатијо!? Се зароби ти во слободата на злото. Мудроста се усовршува од инстинкт на добрината, не од распадна телесна доволност и задоволност. Вредноста не доаѓа од ноќно споулавено трчање по потписи од глумци – за да влезеш во академијата на змијата моќ што вее со опашката.

А не беше ни убава ни умна. Ама мислеше дека си, и затоа и до денес страдаат сите твои неистомисленици. Да ги снема тие сведоци занемени од тебе. Бабо на банални баханалии, со голи љубовници во смрдлива фонтана кај Мелисејска Книга, со флертови и фолирања криени во прељубни мистерии. Материјалистичка освојувачка на похотни телесни територии, завидлива на верните во брак, сеуште се замислуваш дека е скриена твојата  еротска игра со пресметливи предавници. Природата, и преку луѓето и директно,  скаменува, пеоплосува проституирани напаѓачи на ангелите. Каде поголема понизност од твоето понижување пред сатанизирани следбеници. Имагинарната девственост ти остана во измислено наследство на лукавата игра. Божици на природата бараше на најпоГрешно место, во телото земно обземено со безумно силување на правдата. За тебе она што е долу е горе, она што мислиш дека е возвишено, суштински е лишено од душа. Бројките ти’ служеа за списоци на врисоци од твои злодела над жртвите. Бројките ти служеа и за списоци на увезени-извезени кожи и дроги со кои си умножи профити во безбожни храмови, на троножни арам-тронови, демонови дронови против верен народ.

Толку Хипатија е опседната со своите ваги за мерење на лаги и кражби, та заборава дека  се издава: Телото, јазикот, и’ останале тајна – раскажува. Тајна за што? За освојување на нова слобода да греши? Таа „шарена жена“ подоцна се реши да се теши, да се крие од стигмата: полубремена полудевица, полупевица, полу ѓаволска левица премачкана со бои што ги нема ни во виножитото, зашто не и’ биле доволно космички возвишените. А од неа биле лишени трајните закони на Природата. Или си светлина или темнина. Или си човек или ѕвер. Или машина за убивање на души или дожд против суши. Во едно време на старата смрт комунистичка, лажно младата Хипатија и самата била мал диктатор без жал, без срам. Од чесниот народ биле омразени нејзините космополитски нијанси и финеси.           

Како можеше, како смееше верата да и’ се одмили; или е верник или не е. Но е – заштитник на неверници, заводница на измамници. Имала и страв и трепет во градот на Александар Македонски!? Та и’ самата мразела се’ што е вродено верно, македонско. Таа – заповедник, издавач на потерница да се убие тој што со чиста вера го проучувал Александар Македонецот, таа која изрекла клетва – додека е жива нема да му даде простор во „нејзин“ арам храм. Ако гледаше однапред, ако имаше и докази и визии за непријателите на Бог,  зошто дозволи вистината да биде испокината пред нејзини очи, на „нејзин“ лажен олтар на промени ката-клизмични. Не. Боговите не молчат!!! Но таа не сака да чуе за нив. Се смета за божица со ножица за касапење судбини на невините генијалци. 

Бил гиљотинер ученикот на нејзиниот ѕвер. Но, и тој се освестил од нејзините, од вашите ѓаволи, интерни и екстерни, патолошки влошки за вас, бескрвните б-лудници на новото зло. Ѓаволот не е само феминист. Тој е ист, одсекогаш камен-леон. Кај него, кај неа, не постои драги мои, само робови мои. Хипатија ги пизмеше, ќе ги шизнеше, ќе ги фрлеше и нив во јама на жртвите во име на нејзиниот Ба-Ал. Но, имало, и има крај и на тој ал. Природата и’ враќа. Знамиња и’ праќа. Но, таа и натаму народ обвинува, народ кој го предава во отровни песни на Змијата што пее за победа на анти-народот.

Се знае, Хепатијо, како преживуваат престапници, одметници од човечноста. Твоето место во твојата космологија ти самата брзаше да освоиш преку застранети страни порти и портали, анали и канали… преку се’ каде ќе те слават тебе, а не постоењето на татковината на вечната љубов. Не се знае колку души имаш украдено, колку вери откорнато, извадено, отфрлено, забрането од Божјите плодородни македонски ниви. Сега ти останува само твојата слобода да правиш се’ посилно зло, зашто идат се’ поголеми сурии од твоите преостанати, нараснати следбеници, демонизирани, партизирани, со тебе хомогенизирани љубовници на фолирантски цинизам и егоцентризам. Дали народот ќе сака да знае за тебе, освен еднооките енц-киклоп-едии? Не ќе те спаси ни твојата комарџиска, користољубива математика, ни твоја новодобска пост-хумана астрологија, ни неодбранета филологија. Само Природата, само Сезнајниот и Семоќен… тој ќе ти суди, немилосрдна танчерке со надминати значења и употреби на јазици од двете усни. Доста бладаш со врвови и со дна на својата пеколна уста полна саќе отровно. Доста и народ и бог лажеше! Остави не’, вистини да славиме. А не министериуми, баптистериуми на вашите вештерства. Александрија нема да загине, иако ти си играш пиши-бриши туѓи теории без истории на вредноста вселенска. А толку посакувавме да веруваме дека ќе научиш човек да бидеш.  

Најново од: На прво место

Вечерва во Охрид: „Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Вечерва, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Патување кон корените“. Ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски. На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мане Јаковлески и други членови на Управниот одбор […]

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

To top