На прво место

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е компактна и нема да подржи Уставни измени

1vmro4

11vmro4

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер потенцираше дека она кое што е најважно за државата, граѓаните е дека Македонија има влада која што е потопена со корупција и влада на национални штетници.

Имам период во кој што добиваме различни пораки, различни информации од различни места, но ако сакаме да сублимираме со што се соочуваме и ние како партија и како држава и како граѓани, се соочуваме со власт, со влада која што е потопена со корупција. Се соочуваме со власт која што ги разградува институциите, се соочуваме со влада на национални штетници, со трговци кои не се двоумат дали да посегнат по елементи, по договори, по работи само за еден ден власт плус. Еден ден власт плус кој што ќе биде обременет повторно со некој скандал, повторно со некој сомнителен  тендер, повторно со некое дело на корупција. И тоа го докажаа и претходно, рече тој.

Во врска со владата предводена од СДС, Јаревски укажа дека оваа влада е и без идеологија и принципи само за да останат ден плус на политичката сцена.

-Имаме крпеница од влада која што веќе не знаеме кој влегува кој излегува, без идеологија, без принципи само за уште еден ден власт. И во таа насока се покажаа дека се спремни на се, вели пратеникот.

Пратеникот Јаревски  додаде дека иако во јавноста излегуваа секојдневно информации и разни изјави во врска со уставните измени,  пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е компактна и нема да подржи уставни измени.

-Овие информации кои што ги имаме деновиве кажуваат на истото. Моментот е она што можеме да укажеме е дека има силни индикации па и нивни јавни изјави дека они бесрамно излегоа во јавност и рекоа разговараат или преговараат  или не знам што прават во насока на обезбедување на  мнозинство потребно за уставните измени во услови кога е јасно дека групата на ВМРО-ДПМНЕ е компактна и дека никој нема намера такво нешто да подржи, порача тој.

Најново од: На прво место

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

To top