На прво место

Ковачевски лока и лумпува „окезен“ во Белград со народни пари

1vmro 5

1vmro 5

Ковачевски лока и лумпува „окезен“ во Белград со народни пари, дури народот му тоне во сиромаштија 

Ковачевски со денови тера винска екскурзија во Белград на сметка на граѓаните, празни шишиња со вина, пие и пее по кафани. Како сите работи да му се средени во државата, а не дека цела Македонија е во хаос.

Во Македонија пензионерите се на улица, протестираат здравствените работници, нема учебници во училиштата, нема ниту еден функционален воз и железничка линија, нема лекови по аптеките, тешки криминали се случуваат на клиниката за Онкологија, се случува распад на правосудниот систем, по улици и по молови се случуваат мафијашки престрелки сред бел ден… се неуспех до неуспех на оваа влада, а Ковачевски лумпува и се забавува окезен од шестка до шестка.

Едноставно се однесува како да не е премиер на државата со најнизок раст на БДП во регионот. Како да не е прв човек на владата која галопирачки ги задолжува наредните поколенија. СЕ радува како да не му се случува рекордна инфлација поради која стандардот пропаѓа. Дури 46% се поскапени основните трошоци за граѓаните, тројно повеќе отколку во Европа. Бројот на граѓани кои се на работ на сиромаштијата достигнува до 600 илјади, од кои 80 илјади живеат во екстремна сиромаштија. Нивото на странски инвестиции е најниско на цел Балкан, но ништо од ова не го спречува Ковачевски  да лока ко да нема утре.

Оваа опиеност на Ковачевски ќе заврши на избори. Таму ќе му се случи отрезнување какво што не може ни да замисли.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top