На прво место

Ветувањата на Ковачевски се „мижи Асан да ти баам“

3euro3

3euro3

Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе ги скрати платите на функционерите во стилот, ако не овој понеделник, нареден петок, за на крај да каже дека кратење нема

Од април месец па навака, платите на функционерите се покачени за 78%, во време кога накај 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, а 80 илјади граѓани живеат во екстремна сиромаштија. 

Од април месец па до сега Ковачевски и неговата влада ги лажат граѓаните. Прво лажеа дека платите на функционерите нема да се покачат 78%,  па после дека ќе предложат закон за кратење на платите, па дека има работна група, па потоа дека за недела две експертите во владата ќе предложат законско решение за намалување на платите, за на крај сега да каже Ковачевски, без око да му трепне, дека нема да се кратат платите на функционерите.

Годишно само износот за зголемувањето на платите на функционерите е скоро 20 милиони евра, а во исто време оваа лицемерна власт им вели на пензионерите дека нема пари за линеарно покачување на пензиите, за учениците нема учебници, за пациентите со ретки болести нема лекови, за здравствените работници нема поголеми плати, за земјоделците нема поддршка… за никој друг во Македонија нема пари, само за повисоки плати на функционерите има.

Ветувањата на Ковачевски се „мижи Асан да ти баам“. Граѓаните изјавите на овој човек и комплетната негова влада, треба да ги земаат со огромна резерва.

Се работи за крајно лицемерна екипа која лаже, краде и има милиони на сметките.

Ковачевски без срам ги манипулираше граѓаните 8 месеци и ветуваше кратење на функционерските плати во стилот „ако не овој понеделник, наредниот петок сигурно“ и пак ништо не направи. Се што фати исуши, се што вети излажа.

Народот ќе ги казни и Ковачевски и СДС и ДУИ за безмилосното лажење, крадење и осиромашување на народот и на државата. Народот ќе ги порамни сметките со оваа влада на демократски начин на избори. Од тоа бегање нема.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top