На прво место

Сајкоски: Институцијата претседател го достигна најниското ниво

11l11
11l11
Сајкоски:Сајкоски додаде дека институцијата претседател го достигна најниското ниво поради однесувањето на сегашниот претседател во изминативе 5 години.
Идниот претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе помогне на Македонија на меѓународен и внатрешен план
„Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на државата ќе се одржи на 2-ри март. А, на 26-ти јануари ќе имаме централен комитет. Претходно врз основа на она што е наш статут треба да распишеме оглас за претседател на држава кој што ќе е предлог на ВМРО-ДПМНЕ, исто така треба да има поддршка од 30 делегати и кои што ќе бидат на навремено споделени на јавноста и секој кандидат кој што сака да ја добие довербата ќе треба да ги исполнува овие услови“, истакна Ѓорѓија Сајкоски, пратеник и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „24 анализа“ на ТВ24.
„Во однос на анкетите и она што периодов се случува имаше повеќе кандидати кои што пројавиле интерес и кои што беа ставени на анкети. Тој процес е се уште незавршен“, појасни тој.
„Како и сите институции во нашава држава исто и институцијата претседател во моментов на држава достигна на многу ниско ниво. За жал со однесувањето изминативе пет години на сегашниот претседател ние видовме дека има претседателот кој што нема став, има претседател кој што некојпат не се согласува со сопственото мислење, па се повлекува или практично кажано ние имавме претседател диригиран од некаде и нонстоп работи по она што нему ќе му биде кажано. А, тоа е лошо за држава, и е лошо за институцијата претседател“, рече Сајкоски.
Тој посочи дека профилот кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде човек кој што со своето образование и интелектуални капацитети, и со својот авторитет ќе помогне на Македонија. И тоа ќе помогне и на меѓународен план, но и ќе помогне и на внатрешен план. Човек кој што ќе биде коректив на идната Влада на Република Македонија и кој што ќе може да учествува во подобрување на законодавството.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top