На прво место

Митева: Реалноста е дека Македонија е заглавена во криминал и корупција со власта на СДС и ДУИ

1mat8
1mat8
Митева
Власта го развива криминалот. Власта си го штити криминалот што го прави.
И истрагите кои што би требало да ги покренат ќе направат многу поразлични работи од она што тие се обидуваат да го презентираат во јавноста“, истакна Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Анализа“ на ТВ24.
Митева посочи дека не залудно довербата според анкетите во судството е застрашувачки само 2%. Македонија со оваа власт веќе осум години тоне во криминал и корупција.
„Така што целиот систем на немање правда, целиот систем на стимулирање на криминалот, целиот систем на барање на оттргнување, или одлепување на човекот кој што им беше вицепремиер во Влада, и прашањето да се сврти кон опозицијата е само очаен обид повторно да се впери прстот кон некој друг, а вината никогаш да не ја согледаат. Се додека имаме една ваква мантра и една ваква реторика ние нема да излеземе од тоа“, рече таа.
Митева додаде дека работите треба да се сменат од корен кога станува збор за криминалот и корупцијата.
„Реалноста е дека Македонија е заглавена во криминал и корупција со власта на СДС и ДУИ“, нагласи таа.
Таа потсети дека веќе два месеци јавноста не виде од Социјалдемократскиот сојуз да ги охрабри правосудните органи да ги покренат истрагите кои што се однесуваат на лицата што се на црната листа на САД, меѓу кои беше и градоначалникот на општина Струга.
„Македонија ќе влезе во ЕУ со чиста и совесна власт, која што нема да злоупотребува европски фондови, која што нема да најмува фирми кои што се занимавале со долна облека за изградба на коридори. Македонија ќе влезе во ЕУ со Влада која што ќе донесе промени за подобра иднина и кои што ќе значат рестарт на системот во Македонија, кој што сега е во колапс“, заклучи Митева.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top