На прво место

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе власта и за многу бргу време граѓаните ќе осетат подобри сегменти во економијата, животниот стандард , инвестициите

8il8

8il8

Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за програмата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на изборите и ќе даде една насока на граѓаните што планира ВМРО-ДПМНЕ да работи.

-Јас искрено верувам и искрено се надевам дека и со програмата со која што ќе излеземе на изборите ќе има еден добар сегмент кој што ќе даде насока на граѓаните што планираме да правиме. Но многу побитно е дека по формирање на новата влада дека буквално од првиот ден ќе мора и те како да се засукаат ракавите и сите овие работи кои што ги гледаме како едноставно не можеме да се помириме и да живееме со тоа бидејќи едноставно не се живее. Каде и да отидеш едноствано треба да се јавиш на некој, за било која работа да треба да ја завршиш мораш да побараш некој, значи едноставно мислам дека сите во државата сакаат да можат да одат да си извадат извод, да си платат данок, било што без да треба да му се јават на некој, односно да му биде достапно онака како што треба да биде, рече Јанушев.

Јанушев во текот на своеот гостување рече дека наредната 2024 година ја гледа како година на рестарт за многу работи во државата.

-Јас ја гледам 2024 година како година за рестарт за многу работи. Добро е што се вразумија или може ги вразумија да одиме на еден изборен циклус, добро е што конечно по сите циркузи во јавноста се договори датумот за избори. Годината очекувам да почне помалку или повеќе бурно, нели ќе поминат овие празници и ќе дојдеме на некои 10 дена пред избор на техничка влада, само што ќе пројде изборот на техничка влада кон крајот на февруари ќе треба да се распушти Собранието и де факто ќе влеземе во кампања, со оглед на тоа дека почетокот на април и  официјално ќе започнат кампањите. Сигурно дека и во текот на март и те како ќе се тера тој предизборен период, рече Јанушев.

Тој на крај заклучи дека јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе власта и дека за многу брзо време ќе се осетат првите сегменти на подобро во делот на економијата, животниот стандард, инвестициите и така натаму.

-Ќе дојдат изборите, ќе завршат, не мора да се прават анкети и да се гледаат анкетите, се знае дека ќе има промени и ќе дојдат тие промени и се надевам дека нема да се изгуби многу време после 8 мај и дека за многу скоро ќе се формира и нова влада и на таа нова влада ќе и остане еден добар период од 6 месеци до крајот на годината, за да можеме да седнеме пак при крајот на следната година и да констатираме што во 2024 година се случило, а се надевам дека ќе биде така. Се надевам ќе има неколку работи кои што ќе кажеме еве овие работи се за поздрав и дека треба да се продолжи така.

Сигурен сум дека првите сегменти во кои ќе може да се осети ќе биде делот на економијата, инвестициите, животниот стандард, порача тој.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top