На прво место

Мицкоски: Главниот наш фокус ќе биде економијата и подобрување на стандардот, ветуваме ниски даноци, инвестиции

9t9

9t9

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за порталот Прес 24 се осврнува на најголемиот проблем кој мора да се реши за воопшто да се тргне напред. Според него јасно е зошто народот сака да влеземе во ЕУ.

„Не само за да бидеме дел од едно поголемо семејство, туку многу повеќе за да живее економски подобро. Најголемиот фокус и најголемата мака на граѓаните е економијата и лошата живеачка. Знаете ли дека сме на опашката по економскиот раст во регионот. Во периодот од 2017 до 2023 година растот на БДП на жител во Македонија е само 20 %, а кај сите други држави од регионот е 50 %, а некаде и над тоа. Додека Македонија има раст од 20 %, во Србија растот е 50 %. А за истиот период во Бугарија БДП на жител се зголемил 64 %. Албанија, каде што во периодот од 2017 до 2022 година БДП на жител пораснал 52 %.“, објаснува Мицкоски.

Според него власта лажеше дека инфлацијата е увезена, а сведоци сме дека имаме 50 % поголема инфлација од еврозоната.

„И додека 600.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата. Поразително е што дојде време пензионерите наместо пристојна и мирна старост да одат и протестираат по улиците, за некој денар повеќе“, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија уште во првата година од формирањето на владата, притоа осврнувајќи се на сите мерки кои ќе ги преземе следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Понатаму планираме сериозно да интервенираме во данокот на добивка и тоа за секоја компанија, без разлика дали е домашна. Можеби компанија која што ќе дојде од Европа и светот, која што својот профитен центар или седиште ќе го донесе во Македонија, за деклариран профит до 20 милиони евра данокот ќе остане ист, 10%, нормално, ако е реинвестиран 0%. Ако пријави профит околу 20 и 30 милиони евра, данокот ќе биде 8%, од 30 го 50 милиони евра ќе биде 6%, а над 50 милиони евра данокот ќе биде 5%, со што Македонија ќе се профилира како држава со најнизок данок на профит.

Исто така сакаме да го помогнеме образованието и развој на културата. Исто така ќе се фокусираме и на енергетиката и инвестирањето на капитални проекти кои ќе ја зголемат енергетската независност“, кажува Мицкоски.

Мицкоски информира дека кон крајот на овој месец ќе почнат активности за промовирање на главните политики кои ќе бидат дел од идната програма.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top