На прво место

РАЃАЊЕТО НА ИСУС – КЛУЧ КОН ВЕЧНОСТА

1isus2

             1isus2

Утрото се раѓа, пред Божиќ – Коледе.

Сетете се на децата под ножот на Ирод, на детето заклано што паѓа – за да не дојде на овој свет Кралот на Спасението. Пејте за бебето Бог Исус, родено за ваша мудрост и мир, од Вечниот Отец изнедрено, вродено, испратено –  дар за ваше зреење на Земјата, за ваше умеење да се учите да се вивнете кон Небесата, за спас … не со урааааниум ни златно зло, но со духовна сила на верата во Доброто, сила поголема од секое знаење и сечија моќ.

Вечерта, на Бадник – нова ѕвезда во Вселената ќе постане знак дека нема да има вечен мрак за луѓето што ќе се спротивстават на лукавиот лажен принц на светлината, но ќе се борат за светоста Божја во човекот признаена. Во вечното време тој космички настан тогаш постана видлив за сите  страни на светот. Од разни раси и вери, мудреци ја следеа ѕвездата, зрак што ги покрена да се поклонат пред Светлината на Бог во новороденчето, Богочовекот облеан со света светлина.    

На Роденденот на Бог во човеково тело, на Божиќ – се роди Ѕвездата на најчовечната љубов. Кога се препозна тоа чудо на вистината – започна и делото на делата, љубовта над љубовта, верата над сите невери, надеж дека со луѓето кои го одбираат Бог, Бог ќе е со нив до крајот на Вечноста, до Бескрајот, до Бесконечноста – да ја слават убавината на чиста човечност, нерасипана по патот на земното усовршувањето, некорумпирана среде лажни добра на ненаситни, подли подземја.  

БОЖИЌ Е ВСЕЛЕНСКО ВСЕЛУВАЊЕ НА БОГ И ВО ЕДНА ОД СВОИТЕ БЕСКРАЈНИ ФОРМИ И СУШТИНИ –ЧОВЕКОТ. Убедени во тоа, верниците го слават и во 21-от век заедно со научници, денешни мудреци упатени кон интер-галаксии. Да се молиме против чарите на главатарите кои и денес обезглавуваат верници во Исус, иако ќе бидат задушувана во крв. Верниците ќе истраат, се’ додека Исус се обзнани и трајно ги спаси прекрасните души со својата земно-небесна правда.

1Marija Kukubajska Марија Емилија КУКУБАЈСКА

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top