На прво место

НОВОГОДИШЕН ДЕТСКИ КАЛЕНДАР СО СТАРО МАКЕДОНСКИ ИМИЊА НА МЕСЕЦИТЕ

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија КУКУБАЈСКА 

1. ЈАНУАРИ – КОЛОЖЕГ. Најстар календар се смета дека бил пронајден во островска земја, Шкотска. Но, што е постаро од природата, другарчиња мои? Календарот наш! Македонски имиња има, стари колку и природата, таа што јазикот го крои и време брои. Новата година, и да отвора порта за другите 12 месеци, сега сепак е зима, затвори врата, мамо, мразот жеже-пече. Уффф. Ама домче: огниште, печка, камин, уреди за клима – кругови топлина шират. Јануари – коложег, од стаааро време така се означувал. Коли брашно и дрва за зима да се има да се жегнат, кога студови стегнат. Топлина од љубовта на мама и тато на срценца да ни’ легне.

2. ФЕВРУАРИ – СЕЧКО. Месец на мразот е, а мразот може како со нож да сече, во студ да пече и кокичиња храбро што ѕиркаат од снегот, и цвеќиња на баба. Студот може да те изгори. Студот, и најздраво дете може во температура, во кревет да го фрли, и по болници, ако топло не се наоблече, ако не слуша што ќе рече најдобриот и првиот лекар и учител – родителот. Сечко сече, и бранови морски замрзнува, за вода ги лепи. Да, вода и мраз и воздух – едно се, но за тоа по хемија ќе учиме. А сега, да се свртиме кон имињата на времињата низ месеци. Февруари во стариот Рим бил месец за чистење. Па и денес – да се чистиме, од токсини.

3. МАРТ – ЦУТАР. Месецот март има име цутар, како цар на цвеќињата, како ранобудилник на круните на дрвјата и лалињата по полињата. Март од снегови вода цеди -природата да не биде сува. Март мари за полињата одново да бидат плодородни, водни, намокрени. Коренчињата да извишат стебла над земјата, кон сонцето, низ окото на ветрот, кон небото. Овој месец римското царство го поврзало со одење во војни, и со нивниот воинствен бог Марс. Со исто име ја крстиле и црвената планета. Но, март не ми личи на месец за војување, муртење, лутење, тепање… Името цутар е природното, македонското: цутење, миризливи убавини, воздух чист, води сјајни, радости бескрајни.

4. АПРИЛ – ТРЕВЕН. Бујни треви пливаат на ветрот во месец април. Зелената боја свежина носи и нас децата надвор на игри не вика, со дождец не роси. И јагниња на пасишта, и птици во нови гнезда изведува. По чисти патеки на милината пешачиме. Надвор се’ е закитено, и природата свечено слави врзување на цветките во овошки, опојно миризливо сплетени, исткаени во покривки кадифено меки. Се радуваме на реки избистрени под зимскиот снег. Од сонцето здрава среќа црпиме, и благодарност – за убавините на денот, и светлините… Овој тревен месец на африкански се викал Афродита, а на латински и етрурски априлис. Април е роден месец на мојата мама, кралица на добрината – за мене, за тато, за домот наш.

5. МАЈ – КОСАР. Кој и зошто косел трева, и кому таа толку значајна му била, та име такво му дале на месецот – уште пред историјата да била напишана? Тревна храна секогаш и насекаде се коси – на Флорида, во Дубаи, и зиме и лете… На пример, ете, само пред 2-3 века не растеле згради на Манхатан, туку трева за косење, за ручек на домашните животни; од нив децата и пиеле и јаделе – и млеко и месо и се облекувале во волна и кожа. Тревата и животните од море, копно, воздух – еден круг, еден ланец на животот спојувале, заедно со човекот, не се загадувале. Мај е Косар, прво косење на бујни треви во нашата земја, мајски треви во нашата хемисфера северна. Мај, прва сезона на загревање пред следниот месец кога и Јупитер планетата ја вмешале во името.

6. ЈУНИ – ЖЕТВАР. Јуни е. Се жнее. После мајско косење на сочната трева, жито златно, од сонцето позлатено се вее. Лебно зрно зрее, се собира од полињата. Леб и колачи и торти за дечињата – мама и баба (па и фабриката) да месат. Жито, брашно од зрно смелено, жито, поскапо и од злато во времиња на војни, но и во мир. Старо, добро зрно жито – илјадници години хранело и наши претци и други милиони на Земјата. Римјаните јуни го нарекле по божицата Јунона, на Јупитер жена. Таа заштитувала мајки кои носеле дечиња на свет; родители сложно да создаваат безбедна и здрава заедница, семејство, фамилија, татковина, заштитувани од студ и горештини, и од лоши навики без дисциплина, од штетни зрачења, од погрешни значења…

7. ЈУЛИ – ЗЛАТЕЦ, ГОРЕШНИК, БИЛЈАР. Најмалку три имиња имал на македонски јазик во старите времиња. Златна боја владее во природата, златно сонце, позлатено сушење на тревата, златни пилињата по планини и полиња… Сонцето горело среде лето – јули Горешник го нарекле. Но, и Билјар. И билки и овошки зреат во јуни: боровинки, капини, малини, па сеуште и цреши – кое дете со нив не се слади и теши. Се топат во уста, и на крвта сила ѝ даваат. Чаевите од природата лековитост налеваат. Сеуште чудесна сила тече од билките и овошките во овој месец на одмор за детскиот ум и тело. Ајде Ане, ајде Јане, дојадете ја лубеницата, овошјето – цело, па одново да прошетаме по патеки на историјата на називите, имињата на месеците, македонски и други. Јулиј Цезар, цар на Рим, календарот го сменил и организирал во 45-та година пред нашата ера. Во негова чест и месецот е јули, и календарот – Јулијански.

8. АВГУСТ – ЖИТАР. Месецот на бројни видови житарици се собрани по амбарите. Разни сорти од житни култури веќе родила земјината почва. Само човекот да сака и да знае да ги произведува сега, без да бега по туѓи цементни градови, без да се труеме од загадени запрашувања, и без ГМО, и без алчност да се збогатува некој, а здравјето наше да осиромашува и да се напрашува со болести. Некогаш во месецот житар, житниците вриеле од добродушни работници, и од весели дечиња, со рачиња вредни, обравчиња румени… Реките водени мелници вртеле, природно лепче и топла, здрава пита се печело. Здрави плодови зеленчук р’теле, летото летало безгрижно. Е, сега – и за другото име да кажеме нешто. Еден учен цар, вешто не сакал да е без награда за своето знаење. Појаснил како да се бројат месеците, и свое име, Август, на овој месец му дал, и во историјата останал.

9. СЕПТЕМВРИ – ГРОЗДОБЕР, ЛИСТОКАП. Гроздобер е најверно име за месецот кога во нашата земја грозје на сите страни се бере. Од Кавадарци до Тетово, од Берово до Стоби. Се бере, се собира во буриња, во каци – да созрее, за да има здрави, вкусни сокчиња и мармалади, маџуни и пијалоци за возрасните. И без тоа на празници не се можело, така раскажуваат и наздравуваат роднините и родителите околу нашата нива и трпеза каде се множело грозје во сите бои: бело, розево, црвено, црно. Секое зрно – голтка полна медовина и за моето здравје. И додека некои листови веќе уморни капнуваат, од гранките се откачуваат, за други приказни дознавам – ми раскажуваат дека кај римјаните септември значел и месец број 7. Тие само 10 месеци имале. Интересно.

10. ОКТОМВРИ – ЛИСТОПАД. И октомври, кај тие стари римјани, на латински јазик бил месец број 8. Ото, и на италијански денес значи осум. Лисјата продолжуваат да паѓаат, да капат. Во овој дел од годината, есента е скоро на половината од своето испраќање на топлата во студена сезона, во долг зимски одмор, во ноември, во декември. Ветровите во палави игри по небо и земја се расфрлаат. Со морски бранови се борат. Бури, тајфуни, урагани, цунами некаде… Ууу! Со облаците, те на една, те на друга страна на планетата се гонат во опасни кругови и столбови. Ни бродови ни градови се сигурни од тие моќни воздушни и водени струи, а камо ли лисјето на дрвјата. Во октомври зеленилото менува бои, земјата ја покрива со шарени ќилими, и во грижна прегратка за зимски сон. Од неа нови плодови да се разбудат на пролет. И одново да се вклучат во природниот свет на временскиот лет.

11. НОЕМВРИ – СТУДЕН, ДРВАР. Ноември, на латински јазик е месец број 9. А на јазик на температурите, месецов е веќе студен, Ни топол, ни млак. И оваа година тој пак нѐ потсетува – скии и санки да подготвиме, и со топла облека да заменуваме лесни летни наметки. Да не настинуваме, та по цела зима да се бориме со вируси и болести, со слабо тело и заморен ум. Зарем не!? Зар не помниме какви се студените трески и боцкањата кај докторите? Е, па, да внимаваме добро! Ни тонови дрва не помагаат на вашите другарчиња на село, да згреат и излечат настинато тело. Најдете дисциплина во себе, и почит кон родителите. Да си послушен не значи дека не си храбар, туку дека си умен пред сѐ. Грижата на мама и тато значи и тоа: од здравје да грееш, а не да гориш од температура.

2. ДЕКЕМВРИ – СНЕЖНИК. Декември, 10-ти месец по римскиот календар, Снежник по природниот, старо македонскиот назив во календарот. Кажете ми сега, која слика ви доаѓа на памет кога мислите на овој месец последен во старата година? Ноооова година, нели?! Но, и Божиќ по кој отпочнал и новиот календар да се брои. Ако спомнувавме богови староримски, броењето може ли да не го поврзуваме со нова и стара ера на временската скала?! И пред и по раѓањето на Исус Христос, се пишувало меѓу разни народите на светот. Затоа, и за римски називи раскажуваме, и за христијански. Во декември милијарди луѓе се спремаат да слават роденден на Господ Бог во тело на човек кој живеел 33 години на Земјата, и ги учел луѓето како божествено добри можат да бидат. И да врне и да вее, на мене ми ништо не е: учам и сакам добро дете на овој свет да бидам.

10s39

Од промоцијата на првото издание на овој текст, детската книга „Имињата на времињата“,

НУ Универзитетска библиотека Гоце Делчев, Штип, 2019 

Музика за сценска изведба на календарската приказна

Tchaikowsky – Nutcracker Ballet

https://youtu.be/FRj0xuPF6Es   March/Snowflakes Waltz; 8:39

https://youtu.be/zV1qLYukTH8  Dance of the Sugar Plum Fairy                                            

https://youtu.be/qBDODIWeKbE           Dance of the Mirlitons

https://youtu.be/QxHkLdQy5f0 Tchaikovsky – Waltz of the Flowers

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top