На прво место

ВОДИТЕ – СВЕТОСТА НА СВЕТОТ

1mni1

1mni1

Илустрација: Александар Тодор КУБАЈСКИ*

Водата вади оган од срцето на камен подземен, надземен. Водата води свети пораки од извори на прапочетоци, ги пренесува низ телото небесно – Земјата, низ телото човеково. Водата вади минерали, плодови од утроба на Земјата и здив од Небото. Водата лекува. Водата истекува низ очи на очајот и низ очи на рајот на радоста плачна. Водата е и мачна, солена солза, и млечна доилка на прочистувано растење. Бесконечен конец на струите, на далгите, од алгите до амебите – плива водата, океани пливаат низ неа, до пареа, до снежни молекули, Препород. Водена топка, животна сфера, огледало, бои, спектар. Водата кружно се враќа, одново покани праќа, да не заборавиме светост да славиме: Животот со Бог е траен. Уметноста не е вечна, но е само истечна илузија, отсјај што има крај во стилот, што си игра важност со бои и шари кои не секој ги гледа и не секој ги мари. Но, животот е се’. Животот е тајна бесконечна. Водата животот го чисти, во струи на вечноста тече, во струни на јазикот на вселената – зборот на Бог, во песна на п(р)отокот, знаци на Млечниот Пат, крилја на здравјето на човекот, во векот кога сеуште не пресушиле живи жили, стрели во водата долетани со гулаб на љубовта, гулаб на мирот, свето лекување на тело и душа. Земјата, водена капка во просторот, лежиште на животот. Не давај друг да ти вади води, да ги гори. Водите се света крв крстена на четири страни: земја – небо, човек – Божество.    

*Александар Тодор КУБАЈСКИ

Американски сликар, скулптор, дизајнер, роден во Штип, Република Македонија, СФР Југославија, 1952. Живее и работи во Калифорнија. Студирал на УКИМ, дипломирал економија и сликарство на California State University, Chico, USA. Самостојно и групно изложувал во Шведска, Данска, Франција, Италија, САД: Лос Ангелес, Беверли Хилс, Вашингтон, Санта Моника, Енсино, Лагуна Бич, Хај Поинт, Северна Каролина.Основач и директор на Galerie Kubaiski, Studio City, Los Angeles; Su-Cont Art Gallery, Chico, California. Застапуван е во книги поезија на Марија Емилија Кукубајска, со интердисциплинарниот концепт Арт-По, уметност и поезија. www.kubaiski.com  

1Marija Kukubajska Марија Емилија КУКУБАЈСКА

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top