На прво место

Мицунски: Вечерва Извршниот Комитет одлучи да ги предложи за министри и дополнителни заменици министри следниве лица

9t9

9t9

Панче Тошковски е предложен за Министерството за внатрешни работи , актуелен претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен адвокат.

Панче Тошковски е магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, а воедно покрај работното искуство како адвокат, има и големо работно искуство и во државните институции.

Во период од 2008 до 2011 година работел како советник во Министерството за транспорт и врски, Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во сопственост на Република Македонија,  членувал во повеќе комисии и работни тела.

Елена Петрова е предложена за Заменик министер за финансии, висок професионалец во областа на финансиите. Станува збор за дипломиран економист, со над 25 годишно работно искуство во Управата за јавни приходи. Елена Петрова 7 години била управник во Дирекцијата за јавни приходи – за големи даночни обврзници, а претходно била раководител на даночното одделение во Свети Николе, раководител на оддел во секторот за оперативна политика и едукација, како и раководител во сектор за утврдување и наплата на даноци во Генералната дирекција.

Ѓоко Велковски е нов предлог за кандидат за министер за труд и социјална политика. Велковски долги години работел во Министерството за труд и социјална политика, на различни работни позиции, а беше и генерален секретар на Град Скопје од 2021 до 2023 година.

Стефан Андоновски заменик министер за информатичко општество и администрација е предложен, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје. Стефан Андоновски во моментов е докторанд на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и магистер по меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД. Пред политичкиот ангажман, пет години работел во бизнис секторот во Македонија и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комуникациите и медиумите.

Цветан Трипуновски за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. По вокација станува збор за дипломиран земјоделски инженер. Трипуновски, во моментот е претседател на комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, во претходната техничка влада исто така беше на позицијата дополнителен заменик министер за земјоделие. Неговото работно искуство во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство е долгогодишно, а од 2015-та до 2017-та година ја извршуваше функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во периодот од 2006-та до 2008-та година бил прв човек на државната фитосанитарна лабораторија.

4izv4

Ова се петте кадровски решенија со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе го даде својот максимум за одржување на фер и демократски избори, што практично е и улогата на техничката влада.

Причината поради која ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да заземе учество во техничката влада е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација, заглавена во криминал и корупција.

Но, СДС и ДУИ, Ковачевски и Ахмети за многу брзо од денес ќе бидат политичко минато, важно е да ги поразиме за да имаме иднина за Македонија каква што посакуваме.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top