На прво место

Милошоски: Министрите од ВМРО-ДПМНЕ имаат способност и капацитет да ја оправдаат својата улога во техничката влада

42009

42009

Милошоски: Министрите од ВМРО-ДПМНЕ имаат способност и капацитет да ја оправдаат својата улога во техничката влада да се спречат манипулации за изборите и да се испратат ДУИ и СДС во историјата

Министрите од ВМРО-ДПМНЕ нема да имаат лесна задача во техничката влада, бидејќи во својата суштина на функционирање на ДУИ и  СДС видовме дека личните и бизнис интереси и другите малверзации ги ставале пред владеење на правото. Нашите министри во владата се таму за да обезбедат подобар изборен процес, не се да дадат легитимитет на ДУИ и СДС, туку што побрзо ДУИ и СДС да заминат во историјата според волјата на избирачите, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

За гласањето на техничката влада, Милошоски посочи дека Талат Џафери не заслужува да биде гласан затоа што во Собранието досега покажа дека за него не важат ни Деловник ни закони.

– Техничките министри ќе учествуваат на седниците на влада, а ние нема да гласаме за Талат како премиер затоа што тој во Собранието покажа дека не го почитува Деловникот, не ги почитува законите и за прв пат Македонија заради Џафери има нецелосна Државна изборна комисија. Не го испочитува правото на опозиционите партии албанскиот блок да кандитираат член на ДИК, изјави Милошоски.

Во однос на изборот на министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, Милошоски истакна дека тоа е тимски избори, а министрите се доволно искусни за да одговорат на задачата.

– ВМРО-ДПМНЕ работи тимски. Панче Тошковски идниот технички министер за внатрешни работи е дел од правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ која ја предводеше и за многу законски решенија кои сме ги работеле ни давал совети, сугестии, одредени анализи. Истото се однесува и за другите кандидати. Ѓоко Велковски има осумгодишно искуство во министерството за труд и социјална политика и исто така е внатрешен ревизор, и многу работи кои се поминувале во Собрание ни давал сугестии. Ова е тимски избор на ИК сметам дека овие луѓе со својата способност и капацитет можат да ја оправдаат својата улога во техничката влада, нагласи Милошоски.

Милошоски додаде дека Тошковски како адвокат можел да согледа како еродира МВР последниве години и криминални групи преземаат доминација на теренот наместо МВР да го има последниот збор.

И на крајот Тошковски има предвид добар тим на луѓе кои имаат искуство во МВР и може да биде на нивото на задачата.  Неговата задача ќе биде да се сузбие што е можно повеќе криминалот во државата затоа што СДС и ДУИ криминалните групи добија на поголема видливост и влијание, да се намали можноста за манипулации пред изборите, рече Милошоски. 

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top