На прво место

Ковачки од Швајцарија: Заедно со македонската дијаспора ќе успееме да ја симнеме оваа ненародна власт на СДС и ДУИ

42556

42556

Почитувани наши сограѓани, дијаспора, дел од нашето семејство. Овие неколку денови сме тука во Швајцарија меѓу вас и навистина се чувствуваме како да сме дома со една прекрасна енергија што нас не охрабрува и ни дава за право да кажеме дека заедно со вас, заеднички ќе успееме да ја симнеме оваа ненародна власт која што ја заробила Македонија, рече пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на средбите со македонците во Швајцарија.

„Тие имаат еден заеднички интерес, а тоа е интересот кој повеќе ќе украде, кој повеќе ќе ја разграба Македонија. И двете структури се базираат на антимакедонштина и во основа немаат грижа за македонските национални интереси. Нив не ги интересира како ќе се развива Македонија, дали ќе биде Македонија на еднакви граѓани на сите, без разлика на вера, националност и така натаму или ќе биде поделена и разграбана Македонија. Нив тоа не ги интересира и вие сте најдобар доказ за тоа, затоа што најголемиот дел од вас се иселеници затоа што во Македонија нема ред и поредок“, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека Македонците во Македонија, треба да престанеме да се чувствуваме како граѓани од втор ред, додавајќи дека актуелната власт освен што го деградираше македонскиот граѓанин и ги распродаде националните интереси, не вложува и не гради ништо, ни автопати, ни болници, ниту училишта  иако годишно троши по пет милијарди евра државен буџет.

„Би сакал да упатам апел до сите вас да дојдете во Македонија и да покажеме дека ние како Македонци, како дијаспора сме добро организирани и да се обединиме за македонската национална кауза. Ова е последен момент, тоа е последната генерација на македонски политичари кои што можат да ја спасат Македонија, затоа што ако останат овие истите на власт, сметајте дека ние држава нема да имаме“, посочи Ковачки.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top