На прво место

Јанушев: Ќе ве збришеме за хаосот и предавствата кои ги направивте!

1tri4444

                        1tri4444

Јанушев: Како со изборот на Демири и Бајрами ќе се обезбедат фер и демократски избори, ќе ве збришеме за хаосот и предавствата кои ги направивте!

Она што е најстрашно што денес на не цели 3 месеци до изборите, наместо да разговараме на седница да се пополни слободното место во ДИК за да имаме фер и демократски избори, за да имаме избори на кои нема да се фрли дамка, повторно имаме циркус и од кога ако не, од техничкиот премиер. Го гледавме со години како прави циркус како претседател на Собранието, сега циркузот го продолжува и во влада,  вели Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на која се дискутира за именување на двајцата министри за здравство и информатичко општество.

Јанушев потсети дека согласно законот за влада односно член 43 оваа влада е преодна за организирање на фер и демократски избори.

Член 43 од законот за влада 100 дена пред одржување на избори на пратеници, а по претходна оставка од претседателот на владата, собранието избира нова преодна влада за спроведување на избори за пратеници. Толку. Значи оваа влада која постои сега која ја предводи техничкиот премиер, е со една и единствена цел а тоа е да се спроведат изборите на фер и демократски начин, рече тој и додаде дека не му е јасно како предлогот за министер за здравство ќе влијае за одржување на фер избори преку министерството за здравство.

Како Демири, инфектолог по професија и секоја чест за неговото професионална биографија ќе придонесе преку министерството за здравство да се спроведат фер и демократски избори, требаше да ни одговори техничкиот премиер кој денеска не говорница не гукна. Можевте барем да ни одговорите на чиј предлог е, го предлага СДС, ДУИ или пак некој од крилата. Како дојдовте до овој предлог, некој ви јави по телефон, можевте да излезете и да кажете.

Јанушев истакна дека предлогот за министер за информатичко општество и администрација има најголемо работно искуство како советник за маркетинг.

Или она што е поинтересно како Бајрами кој што е дипломиран политиколог со најголем дел од своето работно искуство како советник за маркетинг ќе помогне во тоа да се спроведат фер и демократски избори во соодветно министерство. На ова прашање мислам дека одговор нема никој а најмалку техничкиот премиер, објасни Јанушев.

Јанушев им порача дека на изборите ќе ги збришат за целиот хаос и лагите со патните исправи, здравството, образованието, лагите за наводна изградба на 1300 километри патишта.

Ќе ве збришеме за хаос што го направивте со лични карти и пасошите.

Ќе ве збришеме затоа што лажевте за двојното убиство, затоа што напаѓавте медиуми и новинари, затоа што не набавувате лекови и лажевте за изградбата на Клиничкиот центар, затоа што молчевте и лажевте за губењето на податоците од фондот, затоа што не исплаќавте пари на лекарите и им се заканувавте на специјализантите дека ќе им ги прекинувате договорите, затоа што лажевте дека сте изградиле 1300 километри патишта.

Ќе ве збришеме за хаосот во образованието и немањето на книги за децата, за хаосот во министерството за култура, и за целокупниот хаос кој што го оставивте во државата, изјави тој.

Јанушев и порача на власта дека после изборите дел од нив ќе останат запаметени како најнеспособни, дел ќе бидат заборавени, а голем дел ќе завршите по затворите за криминалите и предавствата.

Крајот не ви е блиску, туку крајот ви е дојден и само ќе ве потсетам што точно ви кажав пред точно 1 година.

Дел од вас колеги ќе останете запаметени како најнеспособните, добар дел ќе бидете заборавени, а да, дел ќе завршите по затворите за криминалите и предавствата кои што ги правевте, нагласи Јанушев.

На крај Јанушев кажа дека бидејќи ЈО не реагира, ВМРО-ДПМНЕ следните денови ќе поднесе соодветна пријава до Спасовски кои изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци за кои знаел дека нивната важност е до 12 февруари.

Бидејќи ЈО не постапува во текот на следните денови ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе соодветни пријави за тој што во изминатите 5 години, нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање на лични документи со важност подолга од 12февруари, иако знаел дека важноста на истите е до овој датум, заклучи Јанушев.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top