На прво место

Клековски: Пропадна најавуваната коалиција на европскиот фронт за заеднички кандидат на СДС и ДУИ

1mb1

1mb1

Клековски: Пропадна најавуваната коалиција на европскиот фронт за заеднички кандидат на СДС и ДУИ, огромна поддршка за Гордана Силјановска Давкова која има огромно политичко искуство

„Претседателски амбиции отсекогаш имало многу само прашање е кој ќе успее да ја добие поддршката од граѓаните или 10 илјади потписи или потребниот број пратеници. Така што мислам дека сите политички партии ќе се обидат да демонстрираат колкава е нивната моќ. Не верувам дека тоа ќе биде проблем за одреден број од кандидатите. Од моето искуство на собирање потписи тоа не е толку едноставна задача бидејќи потписите се собираат на овластени места во подрачните единици, и граѓаните мора лично да се појават.Сметам дека ќе има 5-6 кандидати кои ќе ги потребниот број на потписи. За ВМРО-ДПМНЕ овој број на кандидати е поволен пред се затоа што пропадна долго најавуваната европска коалиција за европска Македонија каде што очекувањата беа дека позади еден кандидат ќе застанат две три или четири партии и во основа сите тие што треба во првиот круг да поддржат кандидатот на власта се одлучија за самостоен настап. Идејата да се направи еден фронт против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ мислам дека во оваа фаза не функционира и тоа е важно за нас. Веќе кога сите поставуваат услови да спомнам дека тоа да ДУИ има претседателски кандидат беше еден од условите да после изборите можеби ВМРО-ДПМНЕ воопшто разговара со ДУИ за некоја коалиција, кога веќе сите поставуваат услови и јас да споменам еден“, кажа Сашо Клековски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на 24 Анализа на ТВ 24.

Клековски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ направи добар избор и го има најдоброто решение во моментот за кандидат за претседател и даде поддршка за Гордана Силјановска Давкова.

„Јас не знам ниту еден кандидат на ВМРО-ДПМНЕ кој нема блиски ставови со партијата на ВМРО-ДПМНЕ, калкулирањето дека во ВМРО-ДПМНЕ има проевропски и неевропски сили мислам дека е маркетинг манипулација на власта.Во ВМРО-ДПМНЕ нема разлики кога станува збор за прашањето на пример за уставните измени.Во однос на тоа прашање нема разлики. Го ценам политичкото искуство на Гордана Силјановска Давкова како најпотребно во моментот и дополнително има една смиреност што можеби е потребно во овој момент на политички страсти и по тие две карактеристики би ја одвоил од другите.Го поддржувам изборот и сметам дека стигнавме до нај доборто можно решение за кандидат за претседател“, истакна Клековски.

Клековски издвои уште една карактеристика за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДС и истакна дека се прави исчекор и модернизација на политиката.

„Во однос на Стево, Гордана жена е и мислам дека во смисол на една модернизација на политиката сметам дека треба да направиме уште еден исчекор“, кажа Клековски.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top