На прво место

За Денот на жените – цвеќето, љубовта, татковината со МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА

1eng5

1eng5(времеплов: Лос Ангелес, Скопје, Штип)

1.  За 8-ми Март, 1984: портрет на Марија Кукубајска, графика од Јулијана Поповска, сликар, сопруга на академик Радован Павловски, ќерка на градоначалникот на Скопје, Владо Поповски.

2. За Денот на жените, орхидеите и љубовта, Century Art Gallery, Los Angeles/Westminster, California, USA, 1992. Фото: Марија Кукубајска

Празниците на народите и културите се славење на различните идентитети, со иста цел; оддавање признание на колективната мудрост и личниот гениј, заедничкиот и индивидуален развој и успех. Овој кус извадок на настани од САД и Македонија го сметам за мал потсетник на една жена за нејзината голема љубов кон татковината, нејзината Македонија, за духовната и интелектуална борба на жената – да гради и негува здрави општества, да ја слави божествената радост да се биде мајка, родител, носител на мир и слобода. Тие суштини ја обединуваат светоста на животот и убавината на жената. Изразувам благодарност до сите што ме инспирирале да го славам со моја поезија меѓународниот празник на жената во културни настани и надвор од Македонија: од Кинеската нова година, Pacific Asia Museum во Пасадена, до Денот на орхидеите Vietnamese Tet Art Exhibit & Orchid Show. Century Art Gallery/Vietnamese Cultural Center, Westminster, California, 1992, со сенаторот на Калифорнија, Ed Royce, со симфонијата Патот на свилата од најголемиот виетнамско-француски етномузиколог и композитор Pham Duy, со генијалните слики на Тодор Кукубајски, Gallery Kubaiski, Century City, California. Pham Dui ме инспирираше да напишам: „Жената не е силна кога има слобода да крши машини, или машки срца, да руши општества и фамилии, но кога гради мир, брани слобода, сади моќна љубов, нежно цвеќе, музика за срцето“. Мојата љубов кон татковината, Македонија, далеку од Америка, кореспондира и со патриотизмот на Viet Ngyen, мој соработник на проектот Арт-По, Уметност и поезија, и повеќе академските настапи, како Smithsonian Institution – Indochina Arts Project, Washington/Irvine.“

1eng55

Напис во Nguoi Viet, за виетнамско-американскиот и македонски музичко-поетски и сликарски настан: Ден на цвеќето, пролетта и жената. Поетесата Кукубајска со композиторот Фам Дуи.

Македонија во мене Македонката – поезија од Марија Кукубајска, слики, Виет Нгуен, Американец од Виетнам „Јужна земја и бесконечна светлина. Претстава: Pacific Asiа Museum, Pasadena, 1993

Марија Кукубајска, поетски настап по повод 8-ми Март, 1974. Поетско музичка вечер. Песни: Манифест на космичката девица и За умствен престол на чувствата. (од најновиот ракопис Јаглен и Дијамант), со поетите Бошњаковска Гордана Михаилова, Јоциќ-Христова Светлана, Миркуловска Бистрица, Тодоровска Душица, Трифуновска Радмила, Шуплинова Евгенија, Арбуљевска Олга, Андеевски Петре, Бошковски Петар, Гајтани Адем, Котевски Јован. Центар за култура и информации на град Скопје. Културен Живот, стр. 38, XX, 2-3, Скопје, 1975

8-ми Март, 1975, Свечена седница за Собрание на Општина Штип. Марија Кукубајскачита делови од ракописот на својот детско-младинскиот роман „Вита“ напишан 1967, за Вита Поп Јорданова.

По повод Меѓународниот ден на жената, Марија Кукубајска, Фулбрајтов стипендист на магистерски студии, California State University Chico, претставува своја поезија за македонската жена и културолошката и образовна борба за еманципација на вредностите. 4. март, 1976.Универзитетски билтен, 1. mарт, бр. 21, III.

1eng555

Марија Кукубајска чита своја поезија за жената и љубовта кон татковината, со превод од македонски јазик и коментар. Радио емисија по повод 8. Март, Radio KCHO program – Voices, University Bulletin, California State University Chico, California, vol. 3, no. 21, March 1, 1976

San Jose State University, California, Inter-American Women Writers Conference – Импресии од конференцијата и своја поезија од книгите “Timelessness and Undiscovery” and “Carbon and Diamond”. Марија Кукубајска гостува со читањесвоја поезија на македонски и англиски јазик и со избор песни од југословенски поетеси, дел од истражувањето презентирано на конференцијата.

Објавено во California State University Chico, Students Union, Bell room 222. Press release: Poetess, Enterprise Record, Chico, Calif., March 23, page 2A, 1976.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top