На прво место

Холокаустот на македонските Евреи претставува ненадминато злосторство во светски рамки

a 74

a 74

Македонија ја одбележува 82 годишнина од депортацијата на македонските Евреи

На 11 март Македонија одбележува 82годишнината од депортацијата на македонските Евреи од страна на бугарскиот фашистички окупатор. На овој ден, пред 82 година, 7144 Евреи од Македонија беа насилно собрани, а по десетина дена биле транспортирани во германскиот концентациониот логор на смртта „Треблинка“ во Полска, од каде никој жив не се врати.  

Иако поминаа повеќе од осум децении, властите во Софија немаат сили  да побараат прошка за злосторот извршен во март 1943 година, од страна на тогашните бугарски фашистички власти. Софија обично се правда дека за време на Втората светска војна спасиле повеќе од 50.000 бугарски Евреи, а за Холокаустот на повеќе од 11.000 Евреи од територијата на Македонија, Беломорието (Егејска Македонија, Тракија) и Поморавјето, која била под бугарска окупација, вината се обидува да ја препише на Германците или на локалното население.

Се започна кога Третиот рајх побара од своите сојузници да ја следат нивната монструозна антисемитска политика.  Иако фашистичката влада на Бугарија станува званично сојузник на силите на оската на 1 март  1941 година, повеќе од месец дена пред нападот на Југославија (6. IV 1941), таа уште во јули 1940 година започнува со носење на антисемитските закони.

На 21 јануари 1941 година цар Борис III го потпишува „Законот за заштита на нацијата“, со кој на Евреите им се наложува: носење на жолта Давидова ѕвезда; попис на сите еврејски имоти; еднократен данок на имот од 30%; општо ограничување на правата на Евреите; забрана за брак со лица кои не се Евреи; забрана за водење на бизнис, за започнување нови бизниси или за продавање на постојните бизниси; забрана за вршење земјоделски работи; ограничување во образованието и ограничување во снабдување со огрев и храна. 

Спроведувањето на Хитлеровото „конечно решавање на еврејското прашање“ на териториите на Вардарска и Егејска Македонија (бугарска окупациона зона) започна тивко.

Кон „крајот на ноември 1941 година започнаа и првите преговори на бугарската влада со германските преставници во Софија за депортирање на Евреите. Овие преговори особено беа интензивни во 1942 година и завршија со донесување на закон на Бугарското народно собрание од 28 јули 1942 година со кој се ополномоштува Министерскиот совет на Бугарија да преземе мерки за конечно решавање на еврејското прашање“. 

На почетокот на 1942 година, бугарските окупациски власти наредиле сите глави на семејствата во Еврејската зедница  да се регистрираат со име, адреса и фотографија. Тоа е единствен случај во аналите на историјата на Холокаустот.

Пред крајот на 1942 г. биле завршени подготовките за физичкото ликвидирање на македонските Евреи. Сиот имот на еврејските општини во Скопје, Битола и Штип биле конфискуван во полза на бугарската држава, а во текот на јануари 1943 г. било ограничено движењето на Евреите. Во текот на преговорите во текот на месец февруари 1943 година, бугарските фашистички власти ја покажаа сета своја  сервилност кон своите германски господари.

На 2 февруари 1943 година германското аташе Хофман и специјалниот пратеник по еврејското прашање при германската амбасада во Софија, СС офицерот Теодор Данекер, одржуваат таен состанок со Александар Белев, тогашниот началник на Комесаријатот за еврејски прашања при Министерството за внатрешни работи и народно здравје (МВРНЗ) на Царството Бугарија.

На состанокот било договорено собирање на сите Евреи од територијата на царството и нивно предавање во рацете на нацистичките егзекутори. По завршување на преговорите, на кои биле прецизирани сите фази на иселување, на 22. II 1943 година бил потпишан договор меѓу Александар Белев и Теодор Данекер, за депортирање  на 20.000 Евреи од Македонија и Беломорието.

Договорот започна да се спроведува во март 1943 година во Ќустендил. Делегација од Ќустендил на 8 март ќе го извести заменик-претседателот на бугарското собрание Димитар Пешев за намерите бугарските Евреи да бидат депортирани во Полска. Тој заедно со уште 42 пратеници јавно ќе се спротивстави на намерата на владата на премиерот Богдан Филов за депортација на бугарските Евреи. Поддржани од бугарскиот владика Кирил и целокупното јавно мнение, тие ќе успеат да ги спасат бугарските Евреи, но не и Евреите од Македонија и Беломорието. Поради протестот на тогашните бугарски интелетуалци и свештеници, депортирањето е одложено, а жртвувани се Евреите во Македонија.

Бугарските окупаторски власти го спроведоа договорот за конечно решение на Евреите од „новоослободените земји“, а од Македонија и Беломорието (Егејска Македонија и Тракија) беа испратени во логорите на смрта 11 392 лица од кои само од Вардарскиот дел на Македонија 7.144 лица. 

Акцијата започнала во утринските часови на 11 март 1943 година. Во пет часот наутро, бугарските воено-полициски кордони ги блокирале улиците на еврејските маала во Скопје, Битола, Штип и во другите градови на Македонија. Врз основа на претходно припремените списоци направени по наредба на министерот за внатрешни работи Габровски, во кои било наведени имињата, нивната адреса и занимање, започнало собирањето на Евреите и нивно транспортирање во Привремениот концентрационен логор во Монополот во Скопје. На луѓето им било објаснето дека ќе ги носат на принудна работа во Бугарија.

По пристигнувањето во Тутунскиот монопол, одземени им биле личните предмети, накитот,  парите, храната, лековите, средствата за лична хигиена и ќебињата. На 15 март 1943 година во логорот имало 7.240 Евреи. Условите во кои биле затворени биле ужасни. Биле сместени на дрвени полици во магацините за тутун. Во една просторија без санитарни услови имало по 500 лица. По пет дена гладување, првиот оброк им бил поделен на 16-ти март. Сувиот леб и солената риба предизвикува огромна жед, а луѓето за да добиат малку вода морале да подмитуваат со она малку пари или скапоцености што успеале да ги скриат при првиот претрес.

Секојдневна слика во логорот станува туртура, измачувањата, силувања и понижување,

Пред депортацијата на Евреите од Монополот се прават напори да бидат ослободени што е можно повеќе Евреи. „Сите Македонци без разлика на политичката определеност, дали се крајно десни или лево ориентирани, без разлика на било што друго, истапувале единствено против нивното одведување во злогласните логори на смртта.

Комунистичката партија, како и ВМРО, предводени од Македонецот Методи Шаторов Шарло учествувале во спасувањето на Евреите. Немало Македонец кој бил за геноцид на овој народ“.

По различни критериуми од логорот биле ослободени повеќе од стотина лица, најчесто дефицитарни кадри како лекари и аптекари, но и странски државјани. 

Со благослов на бугарскиот премиер Богдан  Филов, на 22, 25 и 29-ти март 1943 г.одина, 2.150 семејства, со вкупно 7.144 члена, во три транспорта, биле упатени во логорот на смртта Треблинка 2 во окупирана Полска.

На 22 март на пероните на скопскиот монопол пристигнуваат првите 40 вагони. Во секој вагон биле сместени по седумдесетина луѓе. Првиот транспорт со 659 семејства или поточно 2.409 лица, заминува кон логорот на смртта „Треблинка“. Вториот транспорт заминува на 25 март, а на 29 март и третиот транспорт со последните преостанати Евреи.

Сите патници на овие транспорти имале возен билет само во еден правец. Од Треблинка се нема вратено ниту еден од нив жив за да раскаже за ужасите на уништувањето на еврејското население од Македонија.

Холокаустот на македонските Евреи претставува ненадминато злосторство во светски рамки. Македонија е единствена земја од чија територија се истребени 98% од вкупната еврејска популација. За ваквата ужасна трагедија е одговорна Бугарија.

Спасувањето на бугарските Евреи не ја амнестира Бугарија, чија фашистичка влада дозволи и ја спроведе депортацијата, а со тоа и геноцидот на македонските Евреи.

Нашата обврска денес е да ја пренесеме вистината на идните генерации и да апелираме – вакви трагедии никогаш повеќе да не се повторат!

Македонска нација

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top