На прво место

Македонија добива власт која знае како се води меѓународна политика

thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Лефков: Македонија добива власт која знае како се води меѓународна политика, претходната власт не знаеше ни дипломатска нота да испрати

„Меѓународните договори треба да се почитуваат меѓутоа договорите се двострани акти, двострани документи кои што треба истите да бидат почитувани од двете страни за таа цел новата влада изработи еден документ дипломатски нон пејпер би рекол во кој што ќе се осврни на сето она кое што е реализирано од наша страна и сето она што не е реализирано од другата страна. Договорите укажуваат на тоа дека има нотирани превземени обврски кои што се однесуваат на институциите и на актите никако на слобода на говорот. Кај нашиот јужен сосед не се сменети табли не се сменети патокази, не се сменети многу аспекти така да за да продолжиме да разговараме за имплементацијата најпрво новата влада ќе се сосредочи на тоа дека исполнувањето на договорите е двострано, двонасочна улица во која што имате обврски меѓутоа имате и права“ кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

Лефков упати прашање до Оливер Спасовски  зошто и покрај пораката од граѓаните на избори се обидуваат да градат стратегија на национално понижување и во момент кога се отвара прашањето за реципроцитет тие влегуваат во одбрана на другата страна.

„Почитуван колега Спасовски имавте прилика да се занимавате со извршна власт за жал ќе бидете запаметен како најлош министер за внатрешни работи, човек кој позади себе остави многубројни скандали многубројни афери како скандалите со не истражените убиства, пасошите и тн, меѓутоа жално е да не ја добиете пораката и сега да градите нова стратегија базирана на национално понижување, зошто во момент кога се отвара прашањето за почитување на договорот од другата страна вие влегувате во одбрана на  другата страна односно зошто не признаете дека до сега не побаравте никаков реципроцитет кога станува збор за меѓународни односи, меѓу нив еден е и договорот од Преспа“ посочи Лефков и додаде:

 „Имавте едно такво жестоко исполнување на обврските внатре во државата кое што и самите сте свесни дека направи поларизација помеѓу граѓаните во Македонија од друга страна немавте ниту една дипломатска нота за непочитување на договорот од другата страна. Сега имаме други луѓе кои што знаат како треба да се води и меѓународна политика и владата и економијата и сметам дека барем минимум треба да ја почитувате волјата на народот и да дозволите да се работи онака како што треба.

Барањето за реципроцитет и во случајот со Грција и во случајот со Бугарија се основни човекови слободи и права кои што ги следуваат нашите граѓани“ истакна Лефков.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top