На прво место

Маја Кадиевска Војновиќ: Што наследи новата влада? Буџет во хаос и тотална фискална недисциплина!

Pari MajaK Kolumna 310724 1.2 copy

        Pari MajaK Kolumna 310724 1.2 copy

На 22.04.2024 година, пред парламентарните избори, имав колумна којашто ја предвиде иднината и реакцијата на сите сега „загрижени“ експерти, „загрижената“ сегашна опозиција (тогашна влада) и сите кои наеднаш со ребалансот се разбудија од зимскиот сон. Колумната насловена: „БУЏЕТОТ Е ВО ХАОС, ДОЛГОТ И НЕПЛАТЕНИТЕ ОБВРСКИ НА ДРЖАВАТА ГАЛОПИРААТ, А ОД СДС И ДУИ МОЛК!“ на следниов линк: https://pari.com.mk/budzetot-e-vo-haos-od-sds-i-dui-molk/. 

„Франкенштајн“ – чудовиштето веќе беше создадено, не беше имагинација. Ова што денес нѐ снајде со буџетот е чиста рефлексија на минатото, на лошото управување со јавните финансии во периодот за и после Ковид-19 кризата и со економијата воопшто. Ништо не е од денес, сѐ е од вчера, завчера, пред 5 години и со 5 буџети по ред. Да и ова го има во колумната која сублимира многу колумни на темава од 2021 година наваму. 

Нарушената фискална одржливост се кумулираше низ годините, а не со ребалансот на буџетот од 2024 година. Ребалансот е гасење на пожарот, за којшто не беше изградена долгорочна структура за гасење. Напротив, истиот силно гореше особено во последните четири и пол години. 

Македонија имаше највисоки буџетски дефицити од сите земји во регионот пост Ковид-19 кризата. Во последните две години, некои земји имаа ниски дефицити, а некои и суфицити во услови на приходи подхранети од инфлацијата. Но, Македонија и покрај највисоката инфлација остваруваше високи буџетски дефицити. Наместо фискална консолидација, имавме фискална „де-консолидација“. Наместо штедење, имаше расипничко трошење. Изговор на тогашните власти беа кризите, а зар другиве земји не беа во криза? Немавме ефекти од „потрошените пари за справување со кризите“. Напротив, имавме најнизок економски раст во регионот, највисока инфлација и највисок раст на јавниот долг. 

Фискалното правило за буџетски дефицит до 3% од БДП на годишна основа се прекршуваше две години по ред. Буџетските дефицити во 2022 и 2023 година беа 4,4% од БДП и 4,9% од БДП, соодветно. Во 2023 година се прекрши и фискалното правило за јавниот долг, зошто истиот го надмина прагот од 60% од БДП и беше 62,1% од БДП. Но, од тогашната власт и сегашните гласни „експерти“ имаше МОЛК. 

Чиста политичка манипулација беше и планирањето на номиналниот БДП за да се прикажат подобри релативни показатели. Претходната влада ја промаши проекцијата на номиналниот БДП во 2023 година за високи 1,4 милијарди евра и ја пренесе во планот на буџетот за 2024 година. Планираа буџетски дефицит од само 3,4% од БДП. 

Со ребалансот на буџетот, проекцијата на номиналниот БДП за 2024 година се корегираше. Затоа сега не почнуваме со дефицит од 3,4% од БДП, туку со дефицит од 3,7% од БДП за 2024 година. Но и вака – дефицитот не беше реално испланиран. Зошто? Во првото полугодие на 2024 година, до формирањето на новата влада, имавме реализација на буџетскиот дефицит од 71%, и реализација од 68% на новото нето – задолжување. Само на домашниот пазар се искористи просторот за задолжување и тоа во 90%. 

Буџетот беше планиран само до формирање на новата влада. Високите преземани обврски на претходната влада не беа планирани во буџетот за до крајот на годината т.е немаше испланирано доволно пари за пензии и плати. И сега опозицијата (тогашната влада која го планираше буџетот за 2024 година) дава амандман за раст на плати? Која иронија. 

Парите за плати не беа реално испланирани, а тоа се назираше од самата реализација на буџетот со април 2024 година. Според моја пресметка не беа испланирани околу 50 милиони евра. Исто така, и без имплементација на мерката на новата влада за линеарен раст на пензиите од 2.500 денари во септември, немаше планирано пари за усогласување на пензиите ни по старата формула со инфлацијата и растот на просечната плата. Според моја пресметка недостасуваа околу 50 милиони евра. 

И што направи новата влада? Ги обезбеди со ребалансот, а не скрати на капитални расходи. Напротив, парите за капитални инвестиции ги насочи кон регионален развој, а скрати кај проектот за Коридор 8/10д којшто нема абер да почне зошто не беше добро испланиран – и тоа од кој? Од претходната влада. 

Уште едне битен факт беше истакнат во колумната, којшто во јавноста малку се дискутира. Внатрешниот долг на државата т.е доспеаните неплатени обврски во март 2024 година беа 30,2 милијарди денари (491 милион евра), а јуни 2024 година се 42 милијарди денари (683 милиони евра), што е шокантно! Е ова не го предвидов во колумната. Четитката за новата влада (од старата влада) беа овие 683 милиони евра долг којшто го должи буџетот, директно и индиректно, што впрочем креира дополнителен дефицит. Неплатени, а доспеани обврски на државата има кон домашниот приватен сектор од 207 милиони евра, кон странство 25 милиони евра и кон јавен сектор 451 милион евра. Најголеми должници се јавните претпријатија и трговски друштва во државна сопственост (долг од 327 милиони евра), јавните претпријатија основани од општините (долг 186 милиони евра) и јавните здравствени установи (долг од 75 милиони евра). 

Во колумната имаше дека каматните отплати од буџетот до средината на април 2024 година беа енормно пораснати. И тоа е од денес? Не. И тоа е од вчера, завчера. Ќе кажам во една од колумните од декември 2022 година „…Плаши и фактот што растот на каматните стапки и растот на нивото на јавниот долг значајно се пресликува врз буџетот и го стеснува просторот на пр. за капитални расходи…“. 

И да, се сѐ оствари. Од јануари до јуни 2024 година, само за шест месеци вкупните трошоци за камати во буџетот беа 182 милиони евра, а во истиот период во 2023 година биле 108 милиони евра и во 2022 година биле 83 милиони евра. Замислете што сѐ можеше да се направи и инвестира за овие 74 милиони евра или 100 милиони евра колку што се разликите! Замислете дека од 2008-2020 просекот на каматните отплати за цела година во буџетите бил 90 милиони евра, а сега е толку за само 3 месеци! 

Па како да не биде? Претходната влада го зголеми долгот од 4,7 милијарди евра на 8,9 милијарди евра! Речиси дупло! Тоа се преземени обврски по камати – трошоци на буџетот, тоа се преземени обврски по главница на долг, која тек доаѓа. И зошто е спорно што оваа влада најде заем по поволни услови од Унгарија членка на ЕУ и тоа навремено?  Јавниот долг со јуни 2024 година е 60,5% од БДП, според новата проекција на номиналниот БДП за 2024 година. 

Со ребаланост на буџетот, буџетскиот дефицит се проширува за 181 милион евра, пари што пропуштија да ги планираат претходниците и пари кои беа обврски преземени, но неисплатени. Тоа ќе предизвика проширување на буџетскиот дефицит за 1,2 процентни поени од БДП. Но, со ребалансот на буџетот дополнително се кумулираат средства на сметка на државата од 253 милиони евра (за 1,8 процентни поени од БДП), со што вкупната годишна кумулација ќе биде 332 милиони евра (или 2,3% од БДП). Ова е добра тактика во пресрет на отплатата на еврообврзницата од 500 милиони евра на почетокот на јануари 2025 година. Ова не е популарно од аспект на нивото на јавниот долг, којшто на крајот од 2024 година би се зголемил до ниво до 64,9% од БДП само заради растот на државниот долг, но истиот ќе се намали со отплата на еврообврзницата. Јавниот долг на крајот од 2024 година, заедно со гарантираниот и негарантиран долг на јавните претпријатија и акционерски друштва основани од државата (или од општините), општините во Градот Скопје и Градот Скопје, се претпоставува дека ќе достигне 66,3% од БДП. Истиот е одраз на целата нечиста и расипничка политика на претходната влада која се кумулираше низ годините. 

Фискалната одржливост е битна да ја вратиме. За тоа се потребни реформи. Она што со години се уништуваше, не може преку ноќ да се поправи. Ќе треба време. Но, со разумно трошење на буџетските средства, со нивно што е можно поголемо насочување кон инвестиции, со штедење и гонење на целиот криминал којшто се направи во минатото, ќе треба да имаме повеќе средства во буџетот.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top