На прво место

Ѓорче Петров, Гоце Делчев и Пере Тошев за решенијата на Солунскиот конгрес на Внатрешната организација (Јануари 1903 г.)

goce-delcev-i-gjorce-petrov

goce-delcev-i-gjorce-petrov
…За да дискутираме по предлогот на ЦК се собравме овде во Софија на заседание околу 20 души видни организациски сили. Учествуваа: Матов, Татарчев, Пере, Борис Сарафов, Славчо Ковачев, Давидов, Делчев, Силјанов, Герџиков, В’лчо Андонов од Охридско, Сава Михаилов, Пушкаров, Хаџи Николов и др. Се збиравме на неколку пати од 16 до 24 души.

Матов и Татарчев го прочитаа писмото и брзо ја искажаа својата согласност. Големото мнозинство од собранието ја поткрепуваше идејата за востание… Против востанието категорично станавме само јас и Делчев. Пере не се искажа извинувајќи се дека е нов, дојден од затвор, дека не е добро информиран за вистинската положба овде и внатре, а интимната мисла му била против востанието.

Делчев се обиде да ги урне мислењата, тој немаше дар за зборување, се искажа дека е категоричен противник на такво востание како што проектираа, а е за востание какво што бевме планирале јас и тој. Делчев се запали, се испоти, се расфучи.

Јас станав и држев реч тогаш, што траеше шест часа. Како што ми признаа тие, ја разбив увереноста на оние што беа се изјасниле за востание и мнозина од нив станаа (Силјанов, Герџиков и др.) и ми признаа: „Ти си несоборлив во твоето мислење”. Јас ги разоткрив вештачките пристапи за кревање на востанието. Матов, Татарчев протестираа. Фактите што ги приведуваа тие дека ќе имало избувнување на населението, еден по еден ги урнав по признавањето на оние што биле во тие места. На пр. фактот дека селаните излегле со оружје в шума не е уште знак за востание, туку само да избегнат за да не им го земат оружјето Турците и да не настрадаат лично… Точките по однос на опасноста дека ќе пропадне оружјето ги побивав исто така: опасноста не е толку голема; го уверував собранието дека не треба никогаш да се плашиме дека една околија што е подготвена за востание ќе го предаде своето оружје, ами напротив – ако е едно население готово да го предаде своето оружје, тогаш тоа не е подготвено за востание.

По однос на фактичката подготвеност со сигурни податоци, што мене ми беа познати повеќе одошто на самиот ЦК, им докажав дека можеме да ги сметаме за што-годе подготвени само седум околии: Костурската, Леринската, Битолската, Демир-Хисарската, Кичевската – Битолско; во Солунско само Кукушката и тоа доста слабо; во Струмичко само Струмичката околија и тоа со незгодни пушки кримки и во Скопско само Штипската околија, со кримки и со мартинки… Го уверував собранието: ако го прогласиме ова востание, ќе ја подбиеме идејата за сенародно востание за долго време, зашто ќе се кренат само во неколку околии. Уверував дека е сега невозможно сенародно востание, зашто уште нема подготовки, ниту нужни материјали. За одоваде Вардарскиот дел им претскажував дека ние ќе работиме против сами себеси, зашто ќе ја повториме 1895 година – востание само со чети од Бугарија што ќе биде против основните задачи на Организацијата како што ги разбиравме тогаш.

Како резултат на сето тоа апсолутното мнозинство реши да им се соопшти во Солун од името на сите присутни дека сме против земеното решение за востание. Борис и Славчо (Ковачев – б.р.) навидум се согласија (гласаа против). Останаа еамо Матов, Татарчев, Хаџи Николов и уште еден -двајца што гласаа за востание. бевме натоварени јас и Матов да го пишуваме писмото. Јас побарав тој и јас да го составиме поодделно проектот за одговор. Во собранието мојата редакција, поотворена и порешителна се прими и се испрати во Солун како мислење на овдешните претставници на Организацијата. За забележување е дека најмногу беа за востание оние што не мислеа да земат и Не зедоа учество во востанието. И во Солунскиот кoнгрес беа за востание најмногу оние околии штo подоцна не зедоа учество, Солунската на пример, макар што во Солун се изигра најважната улога за прогласување на востанието.

Спомени на Гъорчо Петров, стр. 154-157.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

To top