На прво место

50 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА МПЦ „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ДЕТРОИТ

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

     1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонската православна црква “Раѓање на Пресвета Богородица” во Детроит е една од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД. Таа е собиралиште на голем број Македонци од Детроит и од околината и организатор на бројни активности, Таа го одбележа големиот празник – Раѓањето на Пресвета Богородица, 21 септември, ден кој се нарекува и Мала Богородица. Овој значаен ден се вбројува во 36-те големи празници во црковниот календар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците од етничка Македонија, обележани со црвени букви.

Инаку, црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ е изградена во Ворен, дел од  метрополата Детроид, во Мичиген, која е сместена на езерото Ири и е една од петте метрополи во Соединетите Американски Држави. Детроит е седиште на ав­то­мо­бил­ски­те компании „Форд“, „Крајслер“ и „Џенерал моторс“. Тоа е град на авионската и електронската индустрија, кој уште во 1796 година го формирале Французите. Исто така, Детроит е еден од големите центри на афроамериканското население и дојденци од целиот свет, а со тоа станал значаен културен, административен и спортски центар на тие аме­ри­кан­ски простори.

За купувањето и за првите активности на црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Детроит се заслужни голем број иселеници, меѓу кои посебно место им припаѓа на почесниот претседател, големиот донатор и фабрикант Крис Ник од селото Болно, Ресенско, на првиот претседател Владо Пашариковски од Љубојно, потоа на Миле Топаловски, Сане Тодоровски, Мишко Васовски, Стив Стамевски,  Јонче и Бошко Рајчовски и многу други од помладите генерации доселени во Детроит

За Македонците од сите делови на Македонија најзначајно е тоа што Детроит е средиштето на најбројната македонска колонија во Соединетите Американски Држави, во која првите печалбари од егејскиот дел на Македонија се доселиле уште при крајот на XIX век. Денес во него живеат четириесетина илјади Македонци и тоа претежно од, Тетовско, Преспанско, Битолско и други делови од етничка Македонија.

Според историските факти запишани во делата: „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ и „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, Славе Катин, иницијативата за изградба на Македонската православна црква „Раѓање на Пресвета Богоридица“ во Детроит, Мичиген е покрената во декември 1973 година. По една година, во 1974 година е решено да се организира македонска православна црковна општина. Потоа на 14 јануари 1975 година е конституиран Иницијативен одбор за формирање на МПЦ “Раѓање на Пресвета Богородица” во Ворен – Детроит, која беше примена во закрила и потпадна под јуриздикција на Светиклиментовата македонска православна црква во Република Македонија.

111 copy copy copy copy copy

МПЦ „Света Мала Богородица“ во Детроит

Првата архиерејска литургија во оваа колонија ја отслужи надлежниот архиереј, митрополитот Кирил, во сослужение на тогашниот повардарски митрополит Михаил, подоцна поглавар на МПЦ -ОА во една римокатоличка црква во август 1975 година, а потоа беше организиран пикник на кој присуствуваа повеќе илјади иселеници и беше собрана поголема сума на средства

Во периодот кога се одбележуваше 75-годишнината од Илинденското востание, на 13 август 1978 година, епархијскиот архиереј  г.Кирил изврши осветување на купеното место и положи камен-темелник за градба на црква. Потоа на 24 декември 1978 година е купена црковната зграда, а е осветена на 20 јули 1980 година.

Потоа, стариот објект на црквата беше продаден, а во Ворен е изградена денешната нова црква која претставува соборен храм и најголем објект на МПЦ-ОА во САД.  До храмот се изградени големи сали и други простории што претставуваат убав македонски архитектонски комплекс. Местото беше осветено на 25 септември 1995 година, а на 21 септември 1998 година е поставен камен-темелникот. Новиот објект на „Св. Богородица“, поточно салата е осветена од архиепископот Стефан и митрополитот Кирил на 21 септември 2000 година, а црквата беше осветена на 21 септември 2002 година.

Македонската православна црковна општина „Света Богородица” од Детроит е најголемиот и најубавиот македонски духовен храм. Тој е изграден на пространите американски простори и е гордост архитектонски, градителски, световен и национален центар за сите Македонци од етничка Македонија, каде и да се задомени на пространиот прекуморски континент.

Црквата “Св. Богородица” во Детроит е една од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД. Таа го одбележа големиот празник – Раѓањето на Пресвета Богородица, 21 септември, ден кој се нарекува и Мала Богородица. Овој значаен ден се вбројува во 36-те големи празници во црковниот календар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците од етничка Македонија.

За прославата „50 години постоење на црквата “Св. Богородица” на 21 септември 2024 година, таа беше собиралиште на голем број Македонци од Детроит и од околината. Службата ја водеше надлежниот архиереј на Американско-канадско-македонската епархија г. Методиј во сослушение на петнаесеттина свештеници од САД и Канада.

По примерот на МПЦ „Света Богородица“ во Скопје во оја се одржа литија по повод враќањето на иконата на Света Богородица Троеручица, која беше донесена од манастирот Хиландар на Света Гора, така и во МПЦ „Света Богородива“ во Детроит беше пречекана иконата на мајка Богородица од Хаваи која е една од нај уникатните икони во светот.

Исто така, треба да се одбележи дека од посебно значење за македонската заедница во Детроит беше, секако, Катедрата по македонски јазик што со успех работеше на Универзитетот „Ен Арбор”. Македонскиот јазик како признат, познат и рамноправен со другите светски јазици, започна да се изучува во Детроит од септември 1991 година. На првиот курс беа запишани десет студенти, од кои пет Американци од немакедонско потекло. Средства за одржување на Катедрата, покрај образовните установи, обезбедуваше и Македонската православна црква „Света Богородица” од Детроит

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top