На прво место

Македонија достојно да се оддолжи на овој голем човек

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

                                                    1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ИГРАН ФИЛМ ОД 1949 ГОДИНА СНИМЕН ПО СЦЕНАРИО НА ОСКАР ДАВИЧО СО ТЕМИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Филмот е заснован врз книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ НА МАРКОС“ од српскиот писател и новинар од еврејско потекло Оскар Давичо, која всушност претставува негов патепис од 1947 година кога престојувал во егејскиот дел на Македонија.

Во нашата јавност е малку познато дека во 1949 година во продукција на „Звезда филм“ од Белград, според сценарио на познатиот српски писател и новинар од еврејско потекло Оскар Давичо бил снимен игран филм под наслов „МАЈКА КАТИНА“ во режија на Никола Поповиќ. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Нада Шкрињар (мајка Катина), Ј. Налис (Михајло), Б. Сотлар (Јоргос), Ј. Миличевиќ (Апостолос), М. Мирковиќ (Никос) и други. Музиката за филмот е на Миленко Живковиќ во изведба на Симфонискиот оркестар на НР Хрватска под диригентство на познатиот диригент Оскар  Данон.

Имено, Оскар Давичо бил голем вљубеник во егејскиот дел на Македонија и во 1947 година во екот на граѓанската војна во Грција, заедно со група странски новинари во рамките на Комисијата на Обединетите нации, го посетил егејскиот дел на Македонија, по што своите доживувања и записи ги објавил во обемна книга од близу 400 страници, која до неодамна не беше објавена во Македонија.

Во книгата, освен описите на градовите и селата во егејскиот дел на Македонија и луѓето во нив, објавени се и сензационални сведоштва од граѓанската војна во егејскиот дел на Македонија! Меѓу нив објавено е и досега непознато во нашата јавност интервју со генерал Маркос од 1947 година во кое тој јасно ги признава Македонците како посебна нација! Објавени се интервјуа и со други команданти на ДАГ, кои исто така јасно сведочат за постоењето на Македонците во егејскиот дел на Македонија, а сведочат и за теророт што Македонците го доживувале од сите грчки влади од Балканските војни па наваму. Во книгата се интервјуирани и Македонци борци на ДАГ кои јасно се декларираат како Македонци.

Книгата од Оскар Давичо била објавена на српски јазик во 1947 година, но по само неколку месеци, во 1948 година, книгата била забранета во тогашна Југославија поради судирот помеѓу Тито и Сталин и поддршката на генерал Маркос на Сталин.

Неодамна авторот на овој текст ја пронајде книгата и од неа за прв пат на македонски јазик е објавен избор од најударните стотина страници. Потоа, овие вредни историски податоци беа преведени и на англиски јазик со цел по електронски пат да бидат испраќани на странските субјекти, а имајќи го предвид фактот дека Македонците кои денес живеат во егејскиот дел на Македонија зборуваат македонски, но читаат на грчки, книгата веќе е преведена и на грчки јазик од страна на Македонец од егејскиот дел на Македонија.

Покровител на објавувањето на оваа книга е Македонското Литературно Друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј со претседателот Душан Ристевски, во соработка со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип со претседателот Стојан Димков. Спонзори на преводите на книгата се: Трајче Т. Трајкоски од Перт, Александра и Горан Серафимовски од Сиднеј, „Maкедон преведувачка служба“ од Сиднеј, а еден од спонзорите е познат Македонец од Сиднеј кој излегол од Македонија, но Македонија никогаш не излегла од него.

Што се однесува до филмот „МАЈКА КАТИНА“ тој е заснован врз вистинит настан на кој бил сведок лично Оскар Давичо, кога на една македонска мајка (која имала три сина) едниот син го убиле монархофашистите, другиот син побегнал во партизани (ДАГ), а третиот син присилно бил мобилизиран во монархофашистичката војска и бил испратен на Крит. Мајката била испрашувана од страна на Меѓународната комисија на ООН со цел да каже кој го убил нејзиниот син.

Претходно монархофашистите ѝ рекле таа да изјави дека него го убиле партизаните, (иако и самиот бил партизан) а ако не каже така ѝ се заканиле дека ќе настрада нејзиниот трет син кој бил мобилизиран на Крит.

Инаку, Оскар Давичо е роден во Шабац (Србија) на 19 јануари 1909 година. Потекнува од старо еврејско семејство. Тој беше познат српски и југословенски писател и новинар. По завршувањето на основното училиште во Шабац и гимназијата во Белград, студирал романистика во Париз на Сорбона и на Филозофскиот факултет во Белград, каде дипломирал во 1930 година. Истата година ја објавил и првата збирка поезија.  Потоа работел како професор во Белград, Шибеник и Бихаќ.

Како член на Комунистичката партија на Југославија станал секретар на Месниот комитет во Бихаќ поради што во 1932 година бил уапсен и осуден на пет години затвор, кои го одлежал во Сремска Митровица.  Потоа до почетокот на војната живеел во Белград и во Загреб. Во 1940 година бил исклучен од КПЈ поради некои негови песни.

Втората светска војна го затекнала во Сплит, каде продолжил со илегална дејност. Поради тоа бил уапсен и интерниран  во близина на Парма (Италија). Во 1943 година побегнал од Италија во Далмација каде се придружил на партизаните со кои дејствувал на териториите на Босна, Црна Гора, Далмација и Србија. Во 1944 година учествувал во борбите за ослободување на Белград.

По војната бил еден од основачите на југословенската агенција ТАНЈУГ, а потоа работел во весникот „Борба“. Како дописник известувал од судењето на нацистите во Нирнберг, а во 1947 година престојувал во Грција каде се сретнал со Генерал Маркос и други команданти на ДАГ. Потоа го напуштил новинарството и продолжил да се занимава само со литература.

Во 1951 година бил избран  за дописен член на Југословенската академија за наука и уметност. Соработувал со бројни списанија и објавувал поезија и проза за што добил  високи награди и признанија. Живеел во Белград и Сараево. Починал на 30 септември 1989 година по што бил погребан во Алејата на заслужни граѓани во Белград.

Поради неговите заслуги за промовирање на историската вистина за случувањата во егејскиот дел на Македонија пред светот и тоа не само преку оваа книга (која спомнавме дека уште тогаш била преведена на неколку странски јазици), туку и преку други негови текстови посветени на егејскиот дел на Македонија во кој бил голем вљубеник.

Целиот филм „МАЈКА КАТИНА“ можете да го погледнете на: https://www.youtube.com/watch?v=b-k_QjQeJhw

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Предлог до Владата на Р. Македонија: Време е Македонија достојно да се оддолжи на овој голем човек од еврејско потекло Оскар Давичо, преку именување на некоја улица или друг објект со неговото име.

1dons copy copy copy copy copy copy copy Александар Донски

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top