На прво место

Николоски: Лотарија била перална за пари

Aleksandar Nikolovski official portrait 2024 cropped

Aleksandar Nikolovski official portrait 2024 cropped

Николоски: Лотарија била перална за пари, дувло на криминал, скандалот со Лотарија прв го изнесов во јановста, Артан Груби нема кај да се крие

,,Бегството на Артан Груби е очајнички обид и признавање на вина за случувањата во Лотарија“, истакна вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостување во Дневникот на ТВ Сител.

,,Скандалот со Лотарија не не изненадува, јас бев прв што го објавив овој скандал уште за време во опозиција“, истакна потпретседателот Николоски, кој вели само прашање на време е кога Интеропл ќе го испорача Груби на органите на прогонот. 

,,Бројни обиди правеше Артан Груби да го промени Законот за игри на среќа мислејќи дека на тој начин ќе си го амнестира криминалот и не успеа заради нашиот отпор. Лотарија беше перална на пари, дувло на криминанал на СДС и ДУИ. Братски го правеа тоа, фронтмен беше поранешниот шеф на кабинет и после тоа директор на Лотарија. Но убеден сум дека меѓународната потерница ќе вроди со плод и прашање на недели ќе биде само кога ќе го видиме на граница како Интеропол ќе ги донесе и верувам дека не само за овој случај, туку и за други случаи ќе одговараат”, истакна потпретседателот Николоски. 

Според Николоски, јасно било зошто ДУИ ги пролонгирал барањата за предвремени избори од причина за да ја средат работата во Лотарија надевајќи се дека нема да одговараат, рече Николоски.

,,Политички договор нема со ДУИ. Морален хазард е СДСМ да обвинува за ДУИ затоа што до последен ден тие остануваа со ДУИ, тие беа кои премиер дадоа на Албанец само да бидат во влада. Тие беа кои пола држава дадоа на ДУИ само за да бидат во влада, тие беа кои бланко гласаа се во Собранието и кои го амнестираа криминалот на ДУИ. СДС ќе има морален кредибилитет да критикува само кога ќе се реформира и кога ќе се извини за тоа што го правеле”, истакна Николоски.

Најново од: На прво место

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

To top