На прво место

КАТОЛИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БАДНИК

1дф1

1дф1

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар утре го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик, а денес го прославија Бадник Традиционално.

Во Македонија централната прослава по повод празникот Божиќ се одржува во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Божиќна света литургија, која ја предводеше Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, во концелебрација со свештеници од Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија.  Апостолскиот егзарх на храмот  „Пресвето Срце Исусово“  во Македонија Киро Стојанов честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на прославата ја прочита Божикната порака.

Во божикната честитка Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски  монс Киро Стојанов, меѓу другото, рече: Светата Божикна ноќ, Божикниот ден и Божикното време е милосен дар на средбата со живиот Бог во малото Дете. Неизмерната Божја љубов и неискажливата Божја доброта, остварени со воплотението на Божјиот Син, за сите нас се непресушлив извор во делотворната Божја љубов, доброта, радост и мир. Со тие мисли на сите вас почитувани верници и на секој човек со добра волја од се срце ви го честитам празникот на Христовото раѓање – Божик. Христос се роди – Славете Го!

На свечената литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје присуствуваа претставници на државата Македонија, претставници на локалната власт, на верските заедници и Комисијата за верски прашања на Република Македонија, потоа претставници на дипломатскиот кор, академици, како и претставници на хуманитарни организации и здруженија. Тие го честитаа најрадосниот христијански празник, празникот на сите празници-Раѓањето Христово-Божик, и посакаа во добро здравје, радост и среќа да се поминат празничните денови.

Инаку, во христијанството се верува дека Христовото раѓање донело светлост на вистината за човековиот род и дека со тој настан е исполнето старозаветното пророштво за раѓање на Спасителот. Затоа католичките верници ширум светот, покрај вечерашниот Бадник, утре го слават католичкиот Божиќ, а секоја земја си има свои традиции. Така, Божик на 25 декември по Грегоријанскиот календар го прославуваат Римокатоличката црква, протестантските цркви како и некои православни цркви кои прифатиле ново сметање на времето. Тоа се: Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатиле Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет, кој се води според Јулијанскиот календар.

Руската, Српската и Македонската православна црква како и Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик го одбележуваат по Јулијанскиот календат на 7 јануари.

Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top