На прво место

За кнез на новото кнежество Македонија да се кандидира принцот Карло Шведски, односно Харалд Дански

472149828 624564313246553 8363159183778650948 n

                         472149828 624564313246553 8363159183778650948 n

Во замокот Фреденсбург бил одржан состанок на данското кралско семејство и на тој состанок било одлучено да за кнез на новото кнежество Македонија да се кандидира принцот Карло Шведски, односно Харалд  Дански

Во Првата балканска војна во која се судираат членките на Балканскиот сојуз Бугарија, Србија, Црна Гора и Грција со Османлиската империја, започнала на 25 септември (8 октомври – нов стил) 1912 година и завршила со победа на сојузниците на 17 мај (30 мај – нов стил). Додека армиите на балканските државички напредувале потиснувајќи ја турската армија, меѓу големите сили на Западот се кроела иднинината на Балканот.

Големите сили, особено Австро-Унгарија и Германија, откако не успеале да одржат статус кво во европска Турција, поради страв од продор на Русија на Балканот веќе подготвувале разни сценарија за Македонија и другите ослободени територии од Турците. Иако овие сценарија биле противречни со интересите на Белград, Софија и Атина, кои веќе се договориле за поделба на Македонија, меѓу македонското благородништво, како и во кралските семејства на Западот се разговарало за можните претенденти за престолот на идното кнежество Македонија.

Всушност, согласно со првичните договори меѓу сојузниците за ослободување и давање на автонимија на Македонија, зад која и Русија, меѓу македонските првенци и на Запад се разгледувало создавање на македонско кнежество на чиј престол би бил поставен припадник на некоја европска кралска куќа. Веднаш по почетокот на војната и првичните успеси почнале да се шират гласови за претенденти за идното македонско кнежество. Ова предизвикало збунетост и меѓу сојузниците, кои всушност имаат друга намера – окупација и поделба на Македонија.

balkanski-knezevi

Со остра реакција за ваквите комбинации излегува Белградска „Политика“, која на 23 октомври 1912 година, на своте страници го објавува текстот „Балкански кнезови“, во кој за новите претенденти на разни делови од балканскиот полуостров се вели: „За Запад, особено оној најизвестениот Запад, во кој најдобрата риба ја ловат разни преваранти и измамници, Балканот е некаква чудна земја за која никој ништо не знае и затоа секој може да прави за неа комбинации какви што сакаат.Така и сега, кога Стара Србија и Македонија е освоена од Турците се појавија разни претенденти за престолот на тие провинции.

Во Боцен (Болцано, Јужен Тирол, тогашна Австро-Унгарија, а денес во Италија – н.з), на пример, пред некој ден имаше во еден хотел седница на „македонските првенци“, на кој се зборувало за настаните на Балканот и се расправало за прашањето за основање на македонско кнежество. После второто советување решено е за кнез на новото македонско кнежество да се избере германскиот гроф Алфред фон Бенингхајм.

И покрај оваа германска глупост, речиси како виц, слично соопштува енглескиот „Дејли Меил“. Според него во замокот Фреденсбург бил одржан состанок на данското кралско семејство и на тој состанок било одлучено да за кнез на новото кнежество Македонија да се кандидира принцот Карло Шведски, односно Харалд  Дански. За тоа како што велат била добиена согласност од Велика Британија и Русија.

Ништо не се говори дали учествувал принцот Гика и разни Кастриоти.“ – пишува белградска Политика во октомври 1912 година.

             467478357 537342306016524 1045026475845395801 n      Washington-times-oct-30-macedonia

Интересна е одлуката како претендент за престолот на идното кнежество Македонија да се кандидира принцот Харалд од Данска (Харалд Кристијан Фредерик, 8 октомври 1876 – 30 март 1949) кој бил член на данското кралско семејство. Тој беше четврто дете и третиот син на кралот Фридрих VIII од Данска и неговата сопруга, принцезата Луиз од Шведска и Норвешка, а со тоа и брат на Кристијан X од Данска.

Со оглед дека од ова кралско семејство потекнуваат  европски монарси, меѓу кои и кралицата Маргарет II од Данска, кралицата Елизабета Втора од Обединетото Кралство, кралот Филип од Белгија, кралот Харалд V од Норвешка, кралот Фелипе VI од Шпанија и големиот војвода Анри од Луксембург, потоа британскиот принц Филип, војводата од Единбург, Михај I од Романија и Константин II од Грција, како и други, каде ќе и беше крајот на Македонија доколку таа добиеше автономија и принцот Карло Шведски, односно Харалд Дански беше поставен за кнез на планираното ново македонско кнежество.

За жал различните интереси на големите сили, особено на Австро-Унгарија и Русија, како и на малите балкански држави Србија, Грција и Бугарија, доведоа до Втората балканска војна и поделбата на Македонија во август 1913 година.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Тихомир Каранфилов

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top