На прво место

Лефков: Охрабруваме и Јавниот обвинител да спроведе обемна истражна акција за сите злоупотреби со онколошката терапијa

761

761

Дали е точно дека веледрогеријата Пановски, која има линкови со Филипче го уценува македонското здравство со високи цени за онколошка терапија?

Јавноста со право е потресена поради последните случувања со недостаток на онколошка терапија на Клиниката за онкологија за болните од рак.

Но, воедно, јавноста исто така треба и заслужува да ги знае причините за тоа зошто има недостаток на потребната терапија. Причината е многу јасна и многу провидна. Се работи за една иста мафија на смртта, која од тешката болест на луѓето профитира и прави бизнис, додека континуирано истите веледрогерии добиваат политичка заштита од политички структури, блиски до СДС и ДУИ.

Секоја година, првите два до три месеци од годината има недостаток на онколошка терапија и секоја година една иста веледрогерија набавува лекови по енормно високи цени на лекови, злоупотребувајќи ја болеста на луѓето и вештачки креирајќи криза со лекови. Таа иста мафија на смртта, иста веледрогерија, овие 30 години, поради свои бизнис политички интереси на својата нечиста совест, носи повеќе загубени животи од било која друга несреќа каде се загубиле животи во регионот.

Очигледно, не за џабе се зборува дека оваа мафија на смртта во Македонија, која 30 години ровари со Онкологија, е виновна за смртта на повеќе луѓе од сите мафии во регионот, од Грчец до Земун.

Многумина молчат затоа што се поткупени, а дел се плашат затоа што имаат блиски болни, на кои им е потребна помош, или се плашат да не имаат некогаш блиски болни и да не зависат од овој ист клан.

Оттука прашуваме: дали е точно дека веледрогеријата Пановски, која важи за блиска до СДС, истата веледрогерија каде ќерката-директор на Клиника, Ирина Пановска набавуваше лекови од таткото-директор на веледрогеријата, во време кога ним блискиот министер за здравство, Филипче, раководеше со здравство, го уценува со цени македонското здравство?

Дали и оваа последна криза на истата мафија на смртта, каде двојството Венко Филипче и веледрогеријата Пановски е дел од истиот фолклор, каде се печали од болеста на болните од рак?

Дали е вистина дека вештачки создадената криза е токму поради тоа што треба да се купат скапи лекови токму од Пановски, за кој постои сомнеж дека се манипулира со цените на лекови?

Се работи за трговци со животи и души на луѓе.

ВМРО-ДПМНЕ бара мобилизација од институциите и расчистување на големите бизнис олигарси кои раководат со мафијата на смртта, која печали на болеста на луѓето.

Бараме надлежните институции да ги посочат сите одговорни, без разлика дали се лидери на партии, дали биле министри, или се лекари или дел од фирмите и веледрогериите кои снабдуваат со вакви лекови и се богатат на грбот на оние најтешко болни пациенти.

Охрабруваме и Јавниот обвинител да спроведе обемна истражна акција за сите злоупотреби со онколошката терапија, која се прави од една иста веледрогерија.

Не смее да се дозволи тие да печалат, народот да умира! Бараме откривање на вистината за тесната политичка и бизнис спрега на Венко Филипче и моќните веледрогерии.

Но, не се посилни од државата и од интересот на народот.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top