На прво место

ОМД е посветен на унапредување на интересите на Македонија и македонците во САД (Фотографии)

mmmmm

mmmmm

Недела за креирање пријателства и интереси за Македонија на Капитол Хил- Силен старт за ОМД во 2025 г.

Паралелно со oрганизација на неколку настани на Флорида, ОМД официјално ја започна својата Недела за креирање на пријателства и претставување на Македонските интереси во Вашингтон, САД, со продуктивни состаноци и дискусии на Капитол Хил. Тимот, предводен од членови на Бордот на ОМД, Даниел Гарен и Филип Јотевски, Вишиот глобален офицер за политика и застапување, Емили Абрамчик, и Жесиел Круз Кордеро, Практикант на ОМД за меѓународна политика и дипломатија на ОМД, оствари средби со канцелариите на влијателни американски претставници, вклучувајќи ги Џон Џејмс, Френк Мрван, Деби Дингел, Том Барет, Нели По, Роб Брејншехан, Клаудија Тени, Елеонор Холмс Нортон, Роберт Б. Адерхолт и сенаторот Бил Хегерти. Тимот исто така учествуваше на меѓународната тркалезната маса за религиозни слободи при американската влада, што беше значаен момент во напорите за препознавање на значајноста на Македонија и македонскиот народ, како и направи средба во Стејт Департментот на САД со Бирото за Демократија, Човекови Права и Труд.

Фокусот на состаноците беше на унапредување на односите помеѓу САД и Македонија, како и на проширување на Македонската група за пријателство во Конгресот и Сенатот на САД. Клучни иницијативи кои беа дискутирани вклучуваа договор за избегнување на двојно оданочување, промоција на Програмата за безвизен режим и официјално признавање на септември како месец на Македонско Американското наследство. Нашиот тим ја истакна важноста од зајакнување на билатералната соработка и ја нагласи виталната улога на Македонија во глобалните работи.

ОМД останува на ставот за отстранување на економските и социјалните бариери помеѓу нациите, потврдувајќи дека вистинските партнерства не треба да бидат попречени од овие предизвици.

ОМД е посветен на унапредување на интересите на Македонија и македонците во САД.

mmmmmm

mmmmmmm

m

mm

mmm

mmmm

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top