На прво место

Попов: Очекувањата се големи, одговорноста е уште поголема

mmmpopov

mmmpopov

Попов: Очекувањата се големи, одговорноста е уште поголема, младите мора да бидат политички активни бидејќи политиката им ја креира иднината

„Унијата на млади сили не  е како другите политички подмладоци, јас не сакам никого ниту да навредам, ниту да омаловажам, но Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е навистина  една посебна организација, организација со посебен дух, многубројна организација, многу силна организација и организација преку која би рекол младите луѓе доколку сакаат да ги менуваат работите во општеството тоа треба да го направат преку Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Таа порака јас постојано ја испраќам до младите луѓе, бидејќи само УМС на ВМРО-ДПМНЕ ја има силата, моќта, структурата, знаењето и капацитетот да носи промени во општеството, да носи цели младински политички процеси во одредени периоди и да ги менува работите реално во ова наше македонско општество. Затоа да се води УМС е огромна чест, но и огромна одговорност“ , изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унија на млади сили, Сергеј Попов во вечерашното гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува – Унија на млади сили“ насловен „Амбициозни лидери создаваат квалитетна младина“ .

Попов објасни дека да се предводи организацијата УМС на ВМРО-ДПМНЕ носи огромна одговорност, но истакна дека токму желбата за позитивни промени резултирала со историската победа на последните избори.

„Очекувањата се големи, со тоа одговорноста е уште поголема така да секако дека кај мене постоело двоумење но на крајот победила желбата за промени, желбата да се предводи оваа организација и би рекол дека направивме и успешна работа, бидејќи откако ние дојдовме како раководство на УМС на ВМРО-ДПМНЕ  како политичка партија освоивме историска победа и на локалните избори и на парламентарните избори пред 7-8 месеци, така да мислам дека сме биле една убава екипа којашто ги носела промените во Македонија“ , додаде Попов.

Попов испрати порака до младите да ја следат политиката, но и да бидат политички активни затоа што токму од нив зависат промените кои ќе се случуваат во иднина. Тој додаде дека младите со сите недостатоци со кои се соочуваат во својата средината, треба да ги споделат и да делуваат за позитивни промени.

„Јас верувам во максимата дека младите мора да следат политика, младите мора да бидат политички активни,  бидејќи политиката им ја креира иднината. Дали кога ќе излезат надвор клупите ќе се искршени или не, дали кога ќе  отидат на факултет, факултетот ќе биде дигитализиран или не, за се тоа е одговорна политиката и доколку младите луѓе не ја следат политиката, за жал можат да бидат изманипулирани“ , истакна  Попов.

Попов објасни дека е горд што токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има слух за потребите на младите, дека нема веќе како до сега, додавајќи дека Владата преку дијалог со засегнатите страни изнаоѓа решенија за младите на долгорочен рок.

„Јас сум многу горд на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Бидејќи во македонското општество кај младите одреден временски период се имаше развиено апатија, таа апатија се должеше на генерациско и генерациско лажење на младите луѓе. Ќе направиме вака  и потоа не се прави така, туку се прави нешто  сосема поинакво и парите одат на некакво сосема поинакво место. Горд сум што како Влада од самиот почеток покажавме дека веќе не е така, дека како до сега веќе не може и дека ќе се оди поинаку. Имено, сведоци се сите млади луѓе дека прво соработката помеѓу Владата, Собрание и младите луѓе  веќе е на едно сосема поинакво ниво. Веќе тоа не се гледа како пи-ар, веќе тоа не се гледа колку да се изгаси некој оган запален во тој момент туку низ дијалог се изнајдуваат  решенија за младите луѓе на подолг рок“ , заклучи Попов.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top