На прво место

СДС се мајсторите за криминални тендери во 4 очи

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Brane copy copy copy copy

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, за разлика од тендерите на СДС, не е во 4 очи, а ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно

Политиката на СДС се сведува само на евтин популизам. По нивната аналогија од која на секој нормален му се гади, би требало да ги повикаме целиот имот на Заев во Дубаи стекнат со криминал да се поклони за донации за Кочани, и целата украдена и криминално стекната хациенда на Венко Филипче сместена на Водно исто така да биде поклонета за цели за Кочани.

Ваква политика на ниски страсти и некрофилија треба да престане под итно.

СДС пред да излезат на прес-конференција треба да знаат дека со нивните прес-конференции одат против себе, затоа што ист таков тендер, со иста таква сума одобриле и распишале тие додека биле на власт, и дека впрочем тоа е тендер предвиден со планот на јавни набавки.

Суштината тука е што има спорно во постапката и кој дел од постапката не е испочитувана? Се работи за комплетно законска постапка која ги опфаќа сите законски аспекти. Нема договарања во 4 очи, и нема провизии како во минатото кога тоа беше омилена практика на СДС и ДУИ.

И затоа сега СДС свесно прави забуна и вулгаризира, иако ова е истиот тендер кои тие го спроведувале редовно но очигледно тоа го правеле за да задоволат свои интереси, а не за да ја видат реалната слика за нивните политики, не се тоа анкети за мерење рејтинг, туку истражувања на јавното мислење за политики и проверка на проекти и реформи дали народот ги прифаќа или не.

Спротивно на СДС Владата на ВМРО-ДПМНЕ го слуша народот и го прифаќа секое она коешто ќе дојде како порака и го анализира дали проектите се поддржуваат или потребни се промени. Само така може да се спроведуваат конзистентни политики базирани на интересот на јавноста наспроти политиките на СДС кои беа за интересот на малкумина од СДС и ДУИ.

Да не се заборави дека СДС се мајсторите за криминални тендери во 4 очи. Е тоа време заврши. Очигледно СДС не се менува.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top