На прво место

Кога милениците стануваат сомнителни

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

                             310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Кога милениците стануваат сомнителни

ДУИ бара меѓународна помош за истрагата. СДС бара анкетна комисија. И одеднаш, партиите кои цела деценија владееја и ги контролираа сите институции – од обвинителство до судство – решија дека на „нивните“ веќе не може да им се верува. Зошто? Затоа што веќе не се на власт.

Но, да се потсетиме.

Кога се случи трагедијата кај Ласкарци, каде загинаа 16 луѓе, што направија? Пуштија „брза“ истрага и префрлија вина на возачот и фирмата. Државата ни кривa ни должна. Никаква меѓународна помош не беше побарана, иако се работеше за тешка трагедија со многу сомнежи за технички прегледи, дозволи, и системски пропусти.

Во Тетово, 14 луѓе изгореа живи во модуларната болница. Никој не понесе сериозна политичка или кривична одговорност. Според обвинителството, причината бил продолжен кабел. Кабел?! Во установа изградена од државата, во пандемија, за лекување луѓе? Повторно, ниту меѓународна истрага, ниту анкетна комисија. Напротив, министерот Филипче остана на функција уште долго, а премиерот го бранеше со зборовите: „нема причина за оставка“.

Во несреќата со автобусот на Беса Транс, на автопат во Бугарија, загинаа 45 луѓе. Цел автобус изгоре. Откриено беше дека фирмата немала лиценца за меѓународен превоз, а државата тоа не го регистрирала со години. И пак тишина. Без анкетна комисија. Без меѓународна истрага.

Сега, кога политичката реалност се смени, одеднаш СДС и ДУИ „открија“ дека институциите се сомнителни. Истите тие институции кои тие ги водеа, градеа и бранеа.

Вистината не зависи од тоа кој е на власт. Или веруваш во институциите секогаш или никогаш. Или бараш меѓународна истрага секогаш или си лицемер.

СДС и ДУИ  немаат право денес да бараат оставки и истраги, кога истите тие со години молчеа за далеку поголеми скандали.

Не бараа оставка од Спасовски кога полицијата беше во хаос, кога каблите „беа виновни“ за трагедии, кога се делеа пасоши на мафијаши, и кога улиците ги водеа лица од подземјето.

Не побараа одговорност ни од Тасевски, кој пукаше во Собранието – додека десетици други беа осудени за „тероризам“ со над 200 години затвор.

СДС треба да се засрами и барем еднаш да се извини за штетата што му ја направи на народот и државата.

Ова не е борба за вистина. Ова е евтин политички театар. Народот не го заборава лицемерието. Не може денес да глумат дека се за „транспарентност и правна држава“, ако вчера молчеа за смртта на десетици граѓани под нивно владеење.

Време е за промена на системот, ВМРО-ДПМНЕ работи на вистинска правда и правна држава!

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top