На прво место

ОМД: Благодарност за Вашата Доонација во Поддршка на Кочани

1omd

1omd copy copy copy copy copy copy copy

Од името на Управниот одбор на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), изразуваме најдлабока благодарност за Вашата неверојатна дарежливост и сочувство по неодамнешната трагедија во Кочани, Македонија.

Ноќта на 16 март 2025 година, разорен пожар ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, одземајќи 62 животи (59 на самото место, а уште 3 подоцна), повредувајќи над 150 лица и потресувајќи ја нашата заедница до нејзините темели. Во таа трагична ноќ, животот го загуби и еден херој возач на брза помош кој направил 11 превози до болниците во Скопје за еден ден, и починал од исцрпеност. Цели семејства се засекогаш променети од оваа катастрофа.

Набргу потоа, генералниот секретар и член на Одборот на ОМД од САД, д-р Кристина Бундра, претседателката на ОМД Шведска, Мирјана Наумоска, и директорот на ОМД за Македонија и Европа, Гордан Јорданов, отпатуваа во Кочани за да се сретнат со локалните тимови за поддршка и да ги проценат најитните потреби. Нашата прва посета беше насочена кон извонредната граѓанска иницијатива „Поддршка за Кочани“ волонтерска група која создаде онлајн алатка за мапирање и координација на помошта за повредените и семејствата на настраданите, вклучувајќи ги и оние кои живеат надвор од Македонија. Се сретнавме и со директорот на Општата болница во Кочани, кој ги сподели итните медицински потреби на установата.

По завршувањето на нашата првична кампања за собирање средства, ОМД ги префрли собраните средства на нашата регистрирана хуманитарна организација во Македонија, која во соработка со „Поддршка за Кочани“ ги дистрибуираше финансиските средства директно до погодените семејства.

И покрај бројните предизвици во добивањето на официјални податоци бидејќи Црвениот крст и полицијата не беа во можност да ги споделат банкарските податоци на погодените семејства ОМД неуморно работеше за секое семејство кое доброволно се обрати преку „Поддршка за Кочани“ да ја добие потребната помош. Овие донации се директен одраз на нашата непоколеблива посветеност да им помогнеме на нашите луѓе тогаш кога им е најпотребно.

Во целост, 43 семејства кои загубија блиски и доставија информации преку „Поддршка за Кочани“ добија по 745 американски долари (41.550 денари) – во вкупен износ од 32.800 долари (1.786.781 денари). Дополнителни 2.200 долари беа искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за болницата во Кочани.

„Поддршка за Кочани“ е онлајн кампања и волонтерска мрежа која ги обединува поединци, организации и правни субјекти што директно придонесуваат за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Преку верификувани информации и координирана поддршка, платформата обезбедува помошта навремено и транспарентно да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Без разлика дали дониравте, ширевте свесност или стоевте во солидарност со Кочани, Вашето сочувство ја покажува извонредната сила и единство на глобалната македонска заедница. Длабоко сме трогнати од Вашиот одговор и бескрајно благодарни за Вашата доверба.

Транспарентноста и одговорноста остануваат во сржта на мисијата на ОМД. Секој дониран долар отиде директно кај погодените, а нашите напори не запираат тука продолжуваме да собираме средства, вклучувајќи и од корпоративни партнери, за да обезбедиме долгорочна поддршка за Кочани и да бидеме подготвени за идни итни ситуации.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top