На прво место

Гордана Димовска: Мајчиниот јазик е најблизок до срцето

GORDANA OCTOBER 2024

GORDANA 1 copy copy

Сите се согласуваат и зборуваат дека од голема важност е да се одржува првиот, мајчиниот јазик. Само на мајчин јазик човек најдобро може да каже она што сака, а на туѓите јазици се кажува само онолку колку што се може. Значи се очекува секој да си го зборува мајчиниот јазик преку кој најдобро се изразува мислата на човекот. Само мајчиниот јазик доаѓа од душа и претставува лична карта, патоказ каде си и каде можеш да бидеш. Јазикот е облека на мислата. Ниту еден друг јазик не може да ја пренесе магијата на емоциите како што може мајчиниот јазик.

Јазиците се од најголема важност. Сите луѓе и култури се живи приказни. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури и го наследуваме нашиот генетски состав од оние кои живееле пред нас. Познавањето на овие врски дава основно разбирање за луѓето. Јазикот ни помага да се изразуваме во пишана и говорна форма. Зборуваме преку нашето срце, ум и тело. Активностите за ширење на мајчиниот јазик не само што ја поддржуваат различноста на лингвистиката и јазикот, туку и целосното разбирање на јазикот и културните традиции ширум светот.

Одржувањето на првиот јазик е од клучно значење за идентитетот и придонесува за позитивен личен развој. Мајчиниот јазик е најблизок до срцето.

Според статистичките податоци од пописите во Австралија кои се спроведуваат на секои пет години, забележливо е драстично опаѓање на бројот на луѓе кои го користат мајчиниот јазик дома. Тоа не е случај само со Македонците, туку и со другите националности во Австралија. Така на пример Италијанците имаат 80.00 помалку говорители на Италијански дома, од 354.00 во 2001 до 272.00 во 2016. За разлика од нив и од нас, Грците се во подобра позиција благодарение на нивните заложби, лобирања и одржување на јазикот во поголем број училишта како и во склоп на  црквата.

Професорот Ингрид Пилер, по применета лингвистика на Универзитетот Меквoри изјави дека

“Австралија  е гробница на јазиците“, ги има но изумираат.

Овој термин бил измислен од американскиот лингвист Џошуа Фишман за да се примени во САД, но одговара и за  ситуацијата во Австралија. И во двете земји јазичната разновидност не се цени.

Се смета дека повеќе од 250 домородни австралиски дијалекти постоеле во времето на првиот европски контакт, од кои околу 20 сè уште се во секојдневна употреба од сите возрасни групи.

Засега англискиот јазик е сè уште доминантен јазик во Австралија поточно речено, австралискиот англиски јазик кој иако е многу сличен со другите видови англиски денес, содржи зборови, изрази од Северна Америка.

Според пописот, 73% од Австралијците зборуваат англиски како единствен јазик дома. Од 25,3 милиони луѓе во Австралија, околу 1 милион воопшто не зборуваат англиски.

Други јазици што се зборуваат дома вклучуваат:  бенгалски,  хрватски,  филипински,  француски Германски,  Грчки, Хинди, Индонезиски, Јапонски, Корејски, Македонски, Малезиски, Непалски, Полски, Португалски, Пенџаби, Српски, Шпански, Турски и дуги. Според Кен Круикшанк од Универзитетот во Сиднеј, Австралија е една од земјите во светот каде се зборуваат многу јазици но јазичното образование не се смета за приоритетно. Јазиците не се дел од основната наставна програма, освен во Викторија во основните училишта.  

Како  во Австралија почнале да го формулираат прашањето за јазици во пописот?

Во 1933 година, се побарало од луѓето кои не знаеле да читаат и пишуваат на англиски, но знаеле да читаат и пишуваат на странски јазик, да го наведат тој јазик. Во 1976 година, луѓето беа прашани за сите јазици кои ги зборуваат. Во 1981 и 1986 година, прашањето гласело дали зборуваат јазик различен од англискиот дома и, ако е така, колку добро зборуваат англиски. Дополнително на ова, од 1991 година од луѓето се бара да го именуваат својот неанглиски јазик. На пописот во 2021 година, формулацијата на прашањата беше изменета за да го вклучи зборот „користиш“ наместо „зборуваш“ за подобро да се приспособат на луѓето во заедницата кои користат знаковен јазик.

Редоследот на категориите одговори е променет врз основа на најчестите одговори од Пописот во 2016 година:

„Да, италијански“ се смени од 3-та на 6-та позиција

„Да, арапски“ се смени од 4-та на 3-та позиција

„Да, кантонскиот“ се смени од 5-та на 4-та позиција

„Да, грчки“ се смени од 6-та на 7-та позиција

„Да, виетнамците“ се сменија од 7-ма на 5-та позиција

Во Австралија тешко се прифаќа учењето на други јазици па како резултат на тоа, децата го губат мајчиниот јазик до завршувањето на 12-та година (средно образование). Така е и со децата од македонско потекло кои едвај издржуваат да го учат јазикот во викториските училишта до 7 или 8 одделение а тие што остануваат до 12-та година се само мал број до 10 ученици. Земајќи ги во предвид бројките од последниот попис, во државата Викторија има 49.429 Македонци, а училишта во склоп на Викториското училиште за јазици каде се учи Македонски јазик, има помалку од 500 ученици.

Па така излегуваат од школските јазични клупи и се ориентираат на студии кои им се важни за нивна кариера. Она што го научиле од своите родители како деца не е доволно за во иднина да може течно да разговараат, пишуваат или читаат на Македонски.

Постојат два сигурни начини на кои луѓето можат да ги изгубат јазиците што ги зборуваат.

Првиот е преку лингвистичка колонизација, што се случи со многу домородни и малцински јазици низ светот а втората е лингвистичка асимилација.

Тоа е кога имигрантите ги губат своите јазици бидејќи постепено се префрлаат кон доминантниот јазик, англискиот – самиот јазик на мигрантите. Во сите сојузни држави во Австралија, половина е бројот на оние кои го зборуваат македонскиот јазик дома. Таа половина укажува на голема работа т.е постепено губење на јазикот меѓу Македонците.  И што повеќе одминуваат годините, новите генерации не слушаат Македонски од своите родители затоа што и тие не го научиле доволно за да го пренесат. Во последно време, на децата од мешани бракови им е додтано тешко да се одлучат кој јазик да го учат, од мајката или таткото, а најчесто одлучуваат ниеден и комуницираат на Англиски како единствен и најлесен начин да се разберат.

Во оваа ситуација не се само учителите тие кои треба да апелираат во јавноста да се запишуваат во училиштата, туку да се развие свеста кај тие 111.352 Македонци дека јазикот е идентитет. Без разлика на кој крај од светот живееме, ние сме Македонци а јазикот е неизбришлив и најпрепознатлив национален белег. Тука треба да бидеме спомогнати и од матичната држава Македонија во смисла на редовни кампањи, начини како да го доближеме јазикот до најмладите, изготвување на повеќе учебници кои би биле соодветни за овдешните стандарди и за децата кои го учат јазикот како втор.

И статистичките податоци од последниот попис во Австралија 2021:

Бројот на лица во Австралија кои дома зборуваат македонски, по држави и територии:

Нов Јужен Велс – 43,775 лица со македонско потекло, македонски дома зборуваат 28,091

Викторија – 49,429, македонски дома зборуваат 29,356

Квинсленд – 3,335, македонски дома зборуваат 1,386

Западна Австралија -11,327, македонски дома зборуваат 5,916

Јужна Австралија – 1,817, македонски дома зборуваат 610

Тасманија – 133, македонски дома зборуваат 30

Северна Територија – 78, македонски дома зборуваат 19

Австралиска главна територија 1,458, македонски дома зборуваат 764

Поема за родниот јазик

Родниот јазик

Коренот на сè

Е родниот јазик.

Низ вековите страдни изоде мачен пат.

Нашите претци за тоа најдобро знаат

И знаеја од него најубав шарен килим да исткаат.

Го чуваа од тирани и поробувачи разни,

Кои посегаа со долгите  раце

да го украдат и наречат свој.

Но од антика до денес 

Како пролетна вода врви

 низ Егеј, Пирин, Вардар и секаде во светот,

Каде Македонец гнездо свил.

И книги се испишаа

 со патоказ вечен,

Засекогаш да се знае

Од родниот јазик нема помил.

Слава и чест на Свети Кирил и Методиј

На нашите Крчовски, Мисирков, Прличев, Пулевски,

На Шапкарев, Климент и Наум, браќата Миладиновци,

 Конески, Рацин

 и многу други достојни за почит.

И во најтешко време

 го чуваа јазикот

преку нивните мисии

Скришум печатени дела

 да опстои во светот

Како силно оружје свето!

Родниот јазик е причина

 за целосна среќа,

неговиот пат

никој не смее да го спречи.

Родниот јазик

е вечен симбол

на нашето постоење,

Потсетник за секој

од каде корени влечи.

Автор: Гордана Димовска

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top