На прво место

Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали

1uv20a

1uv20a copy copy copy copy copy

Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на јавниот интерес и креираше модел на нефукционалност и системско игнорирање на реалните потреби на граѓаните. Филипче ги третираше здравствените установи како амбиент погоден за распределба на милионски тендери.

Кога граѓаните очекуваа модернизација на здравството и подобрување на услугите во болниците, од Филипче добија тишина и свесно одбегнување на суштински реформи.  Додека пациентите чекаа терапии, избрани поединци го третираа здравството како лична каса.

Најшокантиот и најболен случај, позади чие име стои Филипче, беше скандалот со Клиниката за онкологија. Онкологија е место каде пациентите секојдневно се соочуваат со животна борба, а одредени поединци под чадорот на СДС, ја искористија таа ранливост за да си обезбедат финансиски профит. Ампули од тогаш најновото фармацевстко достигнување завршуваа во приватни џебови, па на црн пазар.

Надоврзан на ова е скандалот со медицинската опрема која стоеше во магацините. Веќе набавена и платена медицинска опрема, која беше обезбедна од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ со месеци стоеше во магацините, поради неспособноста на СДС. Ова е уште една карактеристика на СДС, неспособноста да функционира синхронизирано, односно систем кој ја изгуби секоја морална и професионална вертикала.

Филипче водеше агенда на `привилегирани, блиски и свои`, како што е случајот со Ирина Пановска, која истиот тој ја стави директорка на Клиниката за хематологија и и го отвори патот за јавните тендери кон приватна фирма во сопственост на нејзиниот татко, ,,Д-р Пановски“. Само уште еден од многуте докази, дека Филипче и СДС ги претвараа државните институции во алатки за семејно богатење, односно организиран семеен тендер-механизам. А додека ,,Д-р Пановски“ добиваше милионски зделки, граѓаните беа оставени без термин и без терапија.

Филипче, за време на ковид-пандемијата, уште повеќе ја покажа својата неспособност и Македонија ја смести меѓу земјите со највисока стапка на смртност, а имаше и сериозно доцнење во процесот на вакцинација. Наместо да направи координирана стратегија, Филипче ги примора граѓаните да бараат алтернативи надвор од границите, затоа што тој ги остави без избор.

Наместо да биде транспарентен во време на здравствена криза, Филипче се подготвуваше да набави вакцини преку фирма за трговија со банани, по цена двојно повисока од светскиот просек тогаш, односно 62 долари, додека другите држави ги купуваа по најмногу 30 долари.

Фирмата ,,Старби“, регистрирана како фирма за трговија со банани, а формирана само три месеци откако Филипче стана министер. Набавката на 200.000 вакцини преку оваа фирма, значи дека би биле платени дополнителни 6 милиони долари. Филипче не понуди никаков одговор или објаснување за тоа како се одвивала ова наменско преливање на јавни средства и каде би завршиле тие 6 милиони долари.

Најироничното од сите ветувања на Филипче беше токму Клинчкиот центар, проект кој тој го најавуваше, иако неговите изјави не се надполнуваа со конкретни чекори, за да  на крај сепак заврши како уште едно во низата нереализирани ветувања на СДС. Филипче наследи веќе изработен проект од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, во вредност од 128 милиони евра, кој исто така ги содржеше сите основни параметри и требаше да биде готов до 2021 година, тој одлучи да започне нов проект со нереално висока вредност од 500 милиони евра.

Клиничкиот центар се уште не постои. Не само што не е изградена ниту една градежна фаза, туку проектот не постои ниту како конкретен план. Овој неуспех на СДС не може да се објасни само со неспособноста на министерот, туку и со сериозен недостиг на волја и интегритет за да се доврши проектот кој е од особена важност за македонското здравство.

Филипче и СДС ќе останат запаметени како влада која не успеа да ги исполни своите предизборни ветувања, и која го обесмисли јавниот систем, а Филипче како министер кој наместо реформи остави трауми. Наместо да се насочи кон модернизација на болниците, набавка на опрема, унапредување на здравствените услуги и создавање на пристапни и ефикасни третмани, Филипче и неговата власт се фокусираа на краткорочни, финансиски мотивирани цели. Граѓаните ја изгубија довербата во СДС и Филипче и им дадоа црвен печат за нивната неспособност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни дела веќе ја потврди својата посветеност на реализација на ветувањата, започнувајќи со покачувањето на платите на здравствените работници, кои претставуваат клучен столб на здравствениот систем.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со конкретна визија ќе го реализира проектот за новиот Клинички центар, и ќе им обезбеди на граѓаните современо и функционално здравство.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top