На прво место

СДС и ДУИ секој ден се обидуваат да ја злоупотребат трагедијата во Кочани за лично политички цели

1904

1904

Панова: СДС и ДУИ секој ден се обидуваат да ја злоупотребат трагедијата во Кочани за лично политички цели, истрагата се одвива целосно транспарентно

„Она коешто мора да се каже во врска со овој трагичен настан е тоа дека за прв пат македонската јавност виде поразлично постапување од страна на македонските институции имено можевме да видиме ревносно постапување, ревносно помагање најпрвин на оние кои беа повредени. Видовме како македонските инстицуии се справија и за така краток период испратија луѓе во странство, се згрижија многу луѓе кои можеа да ги загубат животите и во целата несреќа спречивме да згаснат уште човечки животи, благодарение на докторите, трезвеноста на институциите и ревносното постапување во тој момент“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова во гостување во емисијата „Објектив“ на МРТ 1.

Панова продолжи и додаде:

„Од друга страна еден месец подоцна имаме една акција, една предистрага и истрага во која веќе опфатени се повеќе од 50 луѓе и мора да се нагласи дека тука апсолутно не се прави разлика помеѓу тоа кој од која политичка партија е, не се прави разлика кој по која национална или етничка припадност припаѓа туку се постапува според она коешто значи одредена процедура, след на работите и процедури кои би требало да ги имаат институциите и гледаме голема транспареност на кое ние не сме научени“, вели Панова.

Панова укажа дека институциите постапуваат со 13 обвинители за еден предмет.

„За прв пат треба да бидеме сплотени околу оваа тага, за прв пат треба да им дадеме шанса на институциите заради тоа што гледаме дека тие постапуваат, гледаме дека за прв пат постапуваат за еден предмет 13 обвинители“, кажа Панова.

Панова потенцираше дека за разлика во минатото, сега МВР има поднесено четири кривични пријави.

„За прв пат имаме четири кривични пријави поднесени од МВР, а во минатото за трагедиите бевме научени дека МВР не постапува и не поднесува кривични пријави. Во моментов институциите се обидуваат да се справат со сето она што се случи и треба да дадеме шанса барем до истекот на рокот на предистражна и истражна постапка барем да поминат овие 90 дена па потоа да навлегуваме во детали, затоа што секој детал што ќе го злоупотребиме во нашата дискусија може да ја наруши истрагата“, вели Панова.

Панова истакна дека СДСМ и ДУИ се обидуваат да ја злоупотребат трагедијата за лично политички цели.

„Ако некој се обидува да ја злоупотреби оваа трагедија за лично политички цели тоа е ДУИ меѓутоа во одреден момент и СДСМ имајќи во предвид тоа што уште првиот ден излегоа да кажат забелешки на самата истрага. Гледаме како ДУИ 30 дена досега се обидува да ја оцрни цела процедура која ја имаат институциите и за да биде онака лицемерието на виделина најпрвин мора да се нагласи дека тие се последни да кажуваат за некакви политички притисоци, за некакви политички прогони, за тоа како институциите не ја работеле својата работа и да зборуваат за обвинителот коишто тие го гласале“, заклучи Панова.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top