На прво место

Зошто СДС и ДУИ инсистираат на предвремени Парламентарни избори?

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Не е помината ниту една година од формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а веќе сме сведоци на панично инсистирање од страна на СДС и ДУИ за предвремени парламентарни избори.

Тоа не е глас на демократијата туку глас на страв. Страв од правдата, од одговорноста, од институционалната пресметка со криминалот, и страв од фактот дека конечно во Македонија се работи.

Додека Владата предводена од Христијан Мицкоски воспоставува ред, започнува со капитални инфраструктурни проекти, го стабилизира економскиот фронт и го враќа угледот на институциите, СДС и ДУИ вршат притисок за нови избори.

Зошто токму сега?

Затоа што знаат дека времето за правда почнува.

СДС и ДУИ не се помирија со поразот. Соочени со пад на рејтингот, со неразрешени афери, корупциски скандали и последици од години на неработа, тие се обидуваат да наметнат вештачка криза. Нивната цел е јасна да се релативизира новата политичка енергија што ја внесе Владата на ВМРО-ДПМНЕ и да се попречи процесот на опоравување на институциите.

Предвремените избори се последниот обид да го спасат она малку политички капитал што им остана. Тие знаат дека ако се оди на редовни избори ќе ги дочекаат со уште послаба поддршка, додека Владата ќе продолжи да покажува резултати: инвестиции, изградба на инфраструктура, правна борба против корупцијата и враќање на институционалното достоинство.

Што ќе добие Македонија од предвремени избори?

Одговорот е НИШТO!

Напротив, тоа би значело застој на реформите, блокада на клучни проекти, нови изборни трошоци и политичка нестабилност токму во време кога државата конечно бележи стабилизација и прогрес.

Македонскиот народ веќе ја донесе својата одлука и на последните избори ја поддржа Владата на Мицкоски и денес гледа реална трансформација на системот.

Инсистирањето на СДС и ДУИ на нови избори не е демократска потреба, туку очајнички повик на политичари кои не можат да се помират со одговорноста што следува.

Имено, Венко Филипче и Али Ахмети не повикуваат на избори од грижа за демократијата туку од страв. Филипче сè уште не е повикан на одговорност за трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде загинаа 14 лица.

Али Ахмети, пак, е симбол на децениско владеење со ДУИ партија што остави зад себе системска корупција, непотизам и злоупотреби. Инсистирањето на избори е обид да се избегне одговорност и да се замати правдата со нов политички хаос. Но, граѓаните веќе ги препознаваат овие сценарија.

Предвремените избори би значеле прекин на проектите, блокирање на реформите и уште еднаш пренасочување на јавни средства наместо за училишта, болници и патишта за нова изборна кампања.

Времето на недопирливи политичари заврши. Македонија не смее да биде заложник на стравот на поранешни функционери.

Македонија повеќе нема простор за нови експерименти. Народот веќе го избра новото. Веќе го кажа своето, сака стабилност, реформи, правда и работа. И таа волја мора да се почитува.

Вистинскиот губитник од евентуални предвремени избори ќе биде Македонија и народот.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top