На прво место

Благодарение на политиките на СДС, Македонија е во состојба на блокирани преговори со ЕУ

Antonio

Antonio

На вчерашното гостување на Телевизија 24 во емисијата „Анализа“ говореше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој на самиот почеток дискутираше за вчерашната посета во Македонија од страна на претседателот на Советот на Европска Унија, Антонио Кошта.

Милошоски прецизно и јасно објасни зошто Македонија се наоѓа во ситуација на блокирани преговори, објаснувајќи дека СДС и покрај сите противења на пратениците и граѓаните ги погазиле нивните барања и го прифатиле она кое не можеле да го испорачат.

„Се наоѓаме во ситуација на блокирани преговори, токму благодарение на политиките на Бујар Османи, на Димитар Ковачевски, Артан Груби и на Зоран Заев, овие луѓе пред пет години тврдеа дека Македонија отпочнала преговори за членство со една фотографија од владиниот авион. Зоран Заев од една конференција во Атина даде изјава дека спорот со Бугарија, му изгледа смешен и национален, за потоа истата партија и истите луѓе да го прифатат тоа што 80% од Македонците не го прифаќаа. И да го прифатат тоа што не можеа да го испорачат, уставните измени по барање на Бугарија. Иако истата политичка партија организираше и референдум којшто вклучуваше и прашање за членството во ЕУ затоа според мене изјавите на претседателот на Европскиот совет не се изненадување“, објасни Милошоски.

Пратеникот истакна дека ВМРО-ДПМНЕ предупредувала на негативните ефекти од потпишувањето на договорот за добрососедство и дека сега Владата се бори да го најде најдоброто решение.

„Навремено предупредувавме дека и потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија 2017, и прифаќањето на францускиот предлог не се паметни потези, сега треба да најдеме решение, но за да најдеме решение добро е креаторите на овој проблем да ја согледаат оваа дијагноза и заеднички да поставиме црвени линии“, рече Милошоски.

Милошоски потенцираше дека СДС направила голем незрел дипломатски чекор и стратешка грешка со којашто не се слушал гласот на народот и покрај референдумот.

„Многу е погрешно да се прифати една таква голема концесија без национален консензус а притоа концесијата да биде поврзана со отварање на поглавјата, тоа е многу незрел дипломатски политички чекор. Вие направивте стратешка грешка со таквото сервилно однесување на коешто цела јавност се спротистави. Ние знаеме која беше голготата којашто ја помина Македонија со блокадата од Грција, со ваквото однесување вие создадовте методологија ние повторно да одиме еден таков трнлив пат, еден пат којшто прво значи  нефер однесување кон Македонија бидејќи се прифаќаат критериуми коишто не се дел од критериумите на Копенхаген, и второ методологија којашто не нѐ носи до полноправното членство туку не носи до отварање на преговорите и неизвесност после тоа“, дециден е Милошоски.

На крај Милошоски додаде дека доколку се прифатат барањата на Бугарија можно е да се случи Македонија да добие ново вето, или да стане асоцијативна членка со одредени ускратени права.

„Грешката е направена што е прифатен услов којшто не бил прифатлив за мнозинството пратеници и за мнозинството граѓани. Затоа сметам дека треба да бидеме многу претпазливи, можеме да го смениме Уставот утре и задутре да добиеме ново вето и да имаме ново разочарување, и може да се случи да го смениме Уставот и никогаш да не станеме полноправна членка односно да ни се понуди за 4 години од денес да бидеме асоцијативна членка со одредени ускратени права во рамките на ЕУ“, објасни Милошоски.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top