На прво место

Договорот со Обединетото Кралство не е крајна цел туку почеток!

britanija

britanija

Што значи договорот со Обединетото Кралство за Македонија?

Во време на глобални геополитички поместувања и растечки безбедносни, економски и технолошки предизвици, малите држави немаат луксуз на изолација. Токму затоа, потпишувањето на договорот за стратешко партнерство помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство претставува значаен исчекор за позиционирање на нашата држава на европската и светската мапа како сериозен и доверлив партнер.

Овој договор не е само политички гест, туку документ со реална тежина – кој отвора врати за безбедносна, економска, енергетска, дигитална и образовна соработка. Тоа е јасна потврда дека Република Македонија се враќа на патот на реформите, на активна дипломатија и на реални резултати, за разлика од годините на празни ветувања и криминални врски што не’ држеа во заложништво.

493166303 1134000281867119 4313697465585231044 n222

Враќање на довербата

Владата на премиерот Христијан Мицкоски, преку овој потег, не само што го зацврстува партнерството со еден од најсилните сојузници на НАТО, туку испраќа порака дека Македонија е подготвена да биде фактор на стабилност и развој во регионот. Обединетото Кралство, како земја со глобално влијание и исклучителна дипломатска мрежа, не би склучило ваков договор со држава која не нуди стабилност, визија и капацитет.

Клучни придобивки од договорот:

-Соработка во одбраната и безбедноста, особено преку зајакнување на капацитетите на АРМ и интеграција во НАТО-структурите;

-Економски партнерства, со фокус на инвестиции, трговија, поддршка за мали и средни претпријатија и размена на иновации;

-Енергетска трансформација, преку поддршка за зелена енергија и намалување на зависноста од нестабилни извори;

-Образование и технологија, со можност за академска соработка, програми за размена, дигитализација и научен развој;

-Поддршка за владеење на правото, транспарентност и борба против корупцијата – нешто што Британија го цени особено високо.

Овој договор е и директен одговор на популизмот, изолационизмот и недржавничкиот однос што го негувале претходните влади.

Наместо сомнителни договори во четири очи, Македонија конечно потпишува документи со кредибилни меѓународни партнери, со јасни цели и обострана одговорност.

Договорот со Обединетото Кралство не е крајна цел туку почеток. Почеток на нова ера во која Македонија ќе биде држава со глас, со партнерства и со поглед кон иднината. Тоа е и показател дека европските и атлантските сојузници повторно гледаат во нас потенцијал, а тој потенцијал ќе го реализираме само ако продолжиме по патот на реформите, чесноста и националната одговорност.

Македонија има сојузници.

Време е да станеме и сојузник каков што заслужуваат светот и нашите граѓани.

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top