На прво место

Оние што оставија пустош, обвинуваат за хаос: какво безобразие, забеганост и отсуство на срам кај СДС!

1uv10

1uv10 copy copy copy copy copy copy

СДС се дрзна да зборува за хаос?!

Тие што државата ја оставија во урнатини?!

Хаос направивте вие, а народот и денес силно ги чувствува последиците од тој ваш криминален „ред и поредок“.

Го претворивте здравството во бункер за тендери на Филипче, Груби и Заев.

Го задолживте народот со над 3 милијарди евра – за нула проекти.

Се сликавте со кокаин-кумови, додека улиците беа небезбедни.

Ја уништивте економијата, иселивте 260.000 луѓе, ги заглавивте општините во долгови.

И денес, без грам срам – зборувате за хаос?!

Очигледно, бидејќи за време на викенди целото раководство на СДС е по одмори, повторно дежурен во Центарот за комуникации бил некој млад „ревносен заевист“ со симпатии кон Филипче, кој сè уште верува дека тандемот Заев-Филипче заслужува Нобелова награда.

Веројатно истиот тој што мисли дека Македонија почнала преговори со ЕУ, дека Артан Груби и Бујар Османи се „проевропски реформатори“, а Маричиќ, Спасовски, Николовски и Зечевиќ – „прогресивни лидери на современиот свет“.

Во СДС искреноста и ставот секогаш биле туѓи поими – затоа оставаат некој од младинската што се затекнал во државава да пишува викенд соопштенија.

Ако тој пишувач барем малку живееше во реалноста, надвор од магијата на неговите идоли, ќе знаеше дека токму тие ја разурнаа државата, ја доведоа до раб на банкрот, ја потопија во корупција и криминал – продавајќи ги своите души и органи, дел на ѓаволот, дел на ДУИ, кои и ден денес им ги чуваат во фиока.

Ќе знаеше дека оставија држава која стана синоним за безредие –држава во која за живо изгорени луѓе во модуларна болница се делат пресуди од една година, држава во која за извод од родени треба мито, држава со галопирачка инфлација каде граѓаните се борат за сопствени плати, држава која беше најсиромашна во Европа, каде 600.000 луѓе преживуваа со 100 денари дневно.

Затоа, наместо да лапа пари за соопштенија додека неговите шефови се сончаат со златни визи по Дубаи, дежурниот младинец во штабот на СДС нека се отрезни, нека ја види реалноста и нека направи разлика помеѓу луѓето што се борат за државата и го даваат максимумот – и оние што станаа шеици, со милионски бизниси по управување со државна каса.

А додека е кај вистината – нека го прочита и францускиот предлог. Таму ќе најде колку чинеше тоа што машкоста на неговите шефови беа во фиока во штабот на ДУИ, додека Бујар Османи го носеше документот и го заверуваше „во име на сите“.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top