На прво место

Лефков: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи модернизација на железничката инфраструктура и ќе донесе инвестиции во здравствениот сектор

Levkov

Levkov

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ склучува стратешки договор со Обединетото Кралство коешто е трета економија во Европа, шеста економија во светот, нуклеарна сила, постојана членка на Советот на ОН, еден стратешки договор којшто има огромно значење.

Има геополитичко значење, затоа што први во регионот, на Балканот, склучуваме ваков договор и не склучуваме со било кој, туку склучуваме со една традиционална, стабилна демократија. Си има свое економско значење и има свое реформско значење“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на вчерашното гостување на Телевизија 24 во емисијата „Анализа“.

Лефков се осврна на новиот договор за стратешко партнерство со Велика Британија и истакна дека британскиот капитал доаѓа на проверени, високо профилирани и добро обработени проекти.

„Затоа што кога станува збор за британски капитал, сите знаат дека британскиот капитал доаѓа на проверени проекти, високо профилирани и добро обработени проекти. Може да стане збор за институционален развој, ако имате интерес да користите британски средства“, посочи Лефков.

Лефков објасни дека стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи модернизација на железничката инфраструктура и информираше дека ќе се изградат нови болници.

„Кога станува збор за инвестиција од 6 милијарди евра, тоа е инвестициски циклус. Она што е сигурно и она што го најави премиерот, тоа значи нови болници, тоа значи завршување на Клиничката болница во Штип, завршување на Клиничката болница во Тетово. Дволиниска железничка сообраќајница на потегот север-југ. Што значи дволиниска? Дека една линија ќе биде за патнички возови што ќе се движат со брзина до 160 км/ч, другата ќе биде за товарен железнички сообраќај со брзина до 120 км/ч, и тие треба да донесат бенефити“, заклучува Лефков.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top