На прво место

Договорот за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство-дипломатска и историска победа за Македонија

Miteva copy copy

Miteva copy copy

Митева

„Ми претставува мене чест да соопштам добра вест, да кажам некоја позитивна работа која што ја направила оваа Влада, а која ќе има долгорочни позитивни ефекти за нашите граѓани. Денеска имаше владина седница на која што и официјално се овласти потпретседателот и министер за транспорт веќе во четврток да го потпише и официјално, договорот за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство и ова претставува навистина би кажала дипломатски и историска победа за Македонија. Нешто што во минатото беше дипломатија која што симболизираше некои кратки средби коишто имаа само фото вест. Денеска ние ги претвораме во стратешки документи, нешто што значи навистина долготраен и долгогодишен развој на нашата Македонија“, истакна портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Митева истакна кои се реалните придобивки од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Според неа има два моменти со потпишување на договорот, односно политички и економски. Митева е децидна дека ако во минатото имавме состојба на договори коишто за нас значеа понижување, денеска имаме договори коишто за нас и нашите граѓани значат гордост.

„Има два моменти тука коишто би можела да ги издвојам тука, а тоа е од една страна политичкиот и од друга страна оној економскиот. Да дадам некоја дефиниција за политичкиот момент, ќе кажам дека после долги години на изолација, успеавме Македонија да не биде пасивен би кажала набљудувач на маргините, туку да биде активен партнер со нашите глобални сојузници. И ако во минатото ние имавме состојба на договори коишто за нас значеа понижување, денеска имаме договори коишто за нас и нашите граѓани значат гордост. И тоа ме радува и за тоа сум исклучително горда, пред се како граѓанин, а потоа и како човек којшто е гласот на народот преку оваа позиција на која што сум во моментов“, подвлече Митева и додаде:

„Станува збор за навистина еден договор кој што ја става Македонија повторно на една скала во која што велиме дека Владата направила конечно политичка би кажала стабилност и предвидливост. Нешто што на нашите глобални сојузници, особено во ваков еден политички пејзаж којшто ни се случува на глобалната политичка сцена е од исклучителна важност“, вели Митева.

Митева истакна дека клучниот инфраструктурен проект од договорот е изградба и реконструкција на железницата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, а планирани се и инвестиции за изградба на Медицински факултет во Штип и на студентски дом. Митева нагласи дека Владата ќе продолжи по патот којшто Македонија ќе ја трансформира и за граѓаните ќе донесе добробит.

„Вториот дел којшто го споменав тоа е економскиот и е онаа инвестиција која што доаѓа преку овој стратешки договор во висина од шест милијарди евра. Таа е финансиската рамка која што имаме можност да ја искористиме и која што ќе биде во насока на области коишто во минатото беа навистина заборавени, или пак би кажала го имаа светлото на јавноста, но само по негативни моменти, или по протести на вработените во Македонски Железници или пак по лошите здравствени услуги. Ова значи дека Македонија размислува навистина долгорочно, позиционирајќи се себеси како држава која што има огромен потенцијал за раст, а потоа и влевајќи доверба дека ова е патот по којшто ние како Влада ќе одиме“, заклучува Митева.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top