На прво место

Што има против Бујар Османи од сојузништвата со Америка и Британија?

zaev-osmani

zaev-osmani

Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет, државата ќе беше веќе во ЕУ

Никој не се откажува од ЕУ патот, ниту бара алтернативи, само ги зајакнува дипломатските врски со држави значајни за нас. Истовремено Бујар Османи е најмалку повикан да говори на оваа тема откако како негово наследство имаме продадени интереси и идентитет на Македонците и пар фризерки испратени во дипломатија заедно со распадната и крајно партизирана мрежа во која дипломатијата е туризам и печалбарство, а не работа во функција на државата.

ДУИ мора да се соочи со реалноста. И конечно да сфати дека продавањето на македонските интереси со прифаќањето на францускиот предлог нема да се заборави од страна на Македонците и ако сакаат да се искупат за тоа треба да покажат јасна промена на односот кон своите сограѓани и нивно почитување. И тука не сакаме да потсетуваме за тендерите за организација на настанот на ОБСЕ што го организираше Бујар, ниту за ред други корупциски афери на неговата партија за кои Бујар измеѓу две глумења на европеец ќе мора да се произнесе. И конечно нема ништо погрешно од ставот на нашата надворешна политика за меѓусебна почит, за взаемна и заедничка иднина во европското семејство со гарантирани права и идентитет за сите. Во меѓувреме, ако Бујар се осети нешто загрозен и вознемирен од сето ова, нека отиде како Рама и нека се насмее со едно селфи, очигледно Рама им делува како апче за смирување.

Македонија има јасен став и тоа што Бујар не се согласува со него е првиот сигнал дека е добар за државата.

Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет државата ќе беше веќе во ЕУ.

Да слушаше Бујар дека е потребен консензус за францускиот предлог и дека не смее да го прифаќаат како што го слушаше и беше партнер со Артан Груби и останатите, и нем слушател при корупцијата во неговата влада и партија, ние веќе ќе имавме европска држава, а не распадната и корумпирана со систем кој е затруен од таквите како него и дел од неговите сопартијци и поранешни колеги од сите партии и неговата.

Очигледно Бујар и од тоа би се откажал се до откажување од достоинството и на последниот Македонец. Така е најлесно, нели?

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top