На прво место

ЈАВЕН ПОВИК ДО МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА: ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК!

UV 15

UV 15

Почитувани Македонци ширум светот,

Пред нас се отвора историска можност – Европскиот парламент е пред усвојување на извештајот за напредокот на Македонија, документ во кој на четири клучни места се признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ова не е обичен извештај. Ова е политичка, правна и дипломатска потврда на нашето постоење како народ.

Зошто е ова важно?

          •Се воспоставува европски штит против негирањата на нашето име, идентитет и јазик.

          •Се става крај на историскиот ревизионизам и обидите за бришење на македонското од европската мапа.

          •Се испраќа јасна порака дека македонскиот народ има своја историја, свој глас, свој праведен пат.

Време е за национално будење!

Ги повикуваме сите наши иселеници, секој Македонец во дијаспората – од Европа, Австралија, Канада до Америја, да станат гласот на вистината и чувари на македонската посебност во светот.

Што можете да направите:

          •Испратете пораки до европратениците во државите каде што живеете – изразете благодарност за признавањето и побарајте нивна поддршка.

          •Споделувајте информации на социјалните мрежи со хаштагови: #МакедонскиЈазик #MacedonianIdentity #EUforMacedonia

          •Организирајте или поддржете мирни собири пред институциите на ЕУ во Брисел, Стразбур, Берлин, Виена, Стокхолм и други европски центри.

          •Вклучете се во иницијативи до европски медиуми, гласот на Македонија мора да се чуе.

Ова не е само политичка борба. Ова е национална кауза. Ова е битка за идентитетот, за нашите деца и за иднината на Македонија.

Премиерот Христијан Мицкоски повика на заедничко лобирање со цел Европскиот парламент да го усвои извештајот во кој е истакнат „многувековниот македонски идентитет и јазик“. Тој јасно порача дека нема да се повлече, сѐ додека не види Македонец во бугарскиот комитет за малцинства.

„Не се согласувам со тоа што тие се во нашата преамбула, а нас не не’ признаваат во нивниот комитет. Додека сум премиер, нема да мрднам ни милиметар додека не го видиме тоа право испочитувано!“ истакна Мицкоски.

Од СДСМ, по ден молк, стигна порака дека се надеваат на поддршка од Европските Социјалисти, Оливер Спасовски додаде: „Нашиот јазик и идентитет не се создадени во 1945-та. Тоа се теми за кои треба да бидеме обединети.“

Од Бугарија стигнаа обиди за саботажа – пратеникот Валчев испратил писмо до Роберта Мецола со наводни неправилности во процесот. Но европските институции се повикани да ја почитуваат вистината, не уцените.

Повик до сите: Македонија ве повикува!

          •Бидете дел од генерацијата што не молчи.

          •Бидете гласот што не се брише.

          •Одговорете со љубов, храброст и гордост.

Македонскиот идентитет не е предмет на трговија – туку светост што не се предава.

Со чест, за Македонија!

УНИЈА НА ВЕТЕРАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top