На прво место

СЕМАКЕДОНСКА ПОДДРШКА ЗА ИЗБОРОТ НА ЈЕРОМОНАХОТ ГЕОРГИЈ (ПРОФ.Д-Р ЃОКО ЃОРЃЕВСКИ)

111121

111121

На 27 мај, во навечерието на празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва отслужи вечерна богослужба, на која го замонаши проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски во чин мала схима, давајќи му го монашкото име Георгиј.

Следниот ден, на 28 мај, за време на Божествената литургија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва го ракоположи монахот Георгиј во јероѓаконски чин.

Потоа, на 29 мај 2025 година, во Скопје, Македонија, на денот кога Светата Црква го прославуваше Вознесението Господово, Неговото Блаженство г.г. Стефан отслужи Божествена литургија во храмот “Вознесение Господово” во Долно Соње, Скопски. На Литургијата во јеромонашки чин беше ракоположен јероѓаконот Георгиј (проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски).

Оваа духовна преобразба и принесување на животот во служба на Исуса Христа и Црквата е голема радост за целата наша македонска Света Црква, за македонскиот народ во Република Македонија и кај македонските иселеници насекаде по светот.

Проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски е Македонец, македонски теолог и универзитетски професор. Тој е редовен професор на Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, каде што предава предмети од областа на Старозаветна теологија, вклучувајќи ја Библиската историја и археологија, потоа, Вовед во Стариот Завет и Егзегеза на Стариот Завет.

Своето високо образование го започна на Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје каде што дипломира теологија. Потоа продолжи со постдипломски студии на Понтификалниот универзитет “Грегоријан” во Рим, Италија, каде што магистрира и докторира во областа на Библиската теологија.

Проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски сега монах Георгиј е на возраст од 57 години. Познат е како еден од најдобрите амбасадори на Македонија при Светата Столица (Ватикан). каде служеше од 2010 до 2014 година

Исто така, проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски е автор  на бројни научни дела од областа на религијата и општеството, а во изминативе пет години е на чело на Македонско библиско здружение, кое е издавач на првиот  Библискиот речник на македонски јазик, за кој, покрај проф. Петко Златевски и Славе Катин има голем удел и професорот Ѓорѓевски.

Во периодот од 2016 до 2023 година проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски беше декан на Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” во Скопје. Тој е човек кој го подучуваше идното свештенство, бидејќи длабоко ја познава теологијата, каноните и духовниот живот.

1111212

Меѓутоа, може да се каже дека неговото ракополагање, како и во други случаеви на МПЦ-ОА е забрзано. Така, во историјата на Црквата има случаи кога, по потреба, ракоположувањето се случувало по брза постапка – кога личноста била подготвена и кога околностите го барале тоа. На крајот, најважно е срцето и способноста за служење, а не само редоследот на чинот.

За жал во врска со предлогот на Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва за прашањето дека јеромонахот Георгиј да биде подготвен за избор во архиерејскиот чин, а со тоа да ја води Дебарско-кичевската епархија се создоја поделби кај одреден број на политички припадници на Македонската православна црквата, несваќајки дека  секој што ќе застане на чело на една епархија, не го прави тоа за чест или слава, туку за крст, за служење и за жртва.

Имено, по упокоението на митрополитот Тимотеј – човекот кој децении наназад ја водеше Дебарско-кичевската епархија, пред Македонската православна црква – Охридска архиепископија  стои важна задача: избор на нов архиереј кој во Охрид ќе го продолжи неговото црковно и национално дело.

Овој чекор, очекувано, донесе различни реакции – посебно затоа што викарниот епископ Партениј, долгогодишен игумен на Бигорскиот манастир и исто така заслужен духовник, има свое поинакво гледање на целиот процес на МПЦ-ОА.

За жал, се појави бугарското и грчкото мешање во внатрешните работи на државата и особено на Црквата Така, деновиве повторно сме сведоци дека се прават обиди, пред се’ од бугарска страна, за мешање во внатрешните работи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и воопшто во јазикот, историјата, постоењето и вистината за Република Македонија и вековниот македонски народ од етничка Македонија.

Обидот за вакво скриено негирање е сосема јасен и нескриен, Тоа има за цел да се испровоцира поделба во МПЦ околу изборот на нов митрополит и член на Синодот, и да се урне угледот на сегашниот состав на Синодот и поглаварот на македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

Но, на секого да му биде јасно дека Црквата, секако и МПЦ-ОА, му припаѓа на македонскиот народ, а му служи на Бога. Не им припаѓа на тугинци и неМакедонци и не служи на ничија политика, особено не на бугарската или грчката.

Во исто време може да се заклучи дека проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски (отец Георгиј) како Македонец може достојно да го носи крстот со Исус Христос и да ја брани Македонија и македонската вистина. Затоа, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски (отец Георгиј) ја има целосната поддршка од сите нас Македонците во Република Македонија и во македонско иселеништво.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Најнови вести

To top