На прво место

Љубчо Георгиевски шири невистини и ја искривува вистината за холокаустот на Евреите од Македонија

16672

16672

Во подкастот вестимак.мк поранешниот македонски премиер г-дин Љубчо Георгиевски не само што зборува, малку конфузно, за неколку теми во однос на неколку прашања поврзани со депортацијата на Евреите, туку шири невистини и ја искривува вистината за холокаустот на Евреите од Македонија, што по дефиниција е антисемитизам, а за која тој смета дека не се зборува во македонската историографија и македонската јавност. Во тој контект, од она што може да се види и слушне, од еден дел од разговорот на facebook тој бара одговори на неколку прашања.

Прашањата и одговорите се следни:

-Каде македонскиоте прогресивни сили кога видоа во Битола во Штип во Скопје дека ги собираат Евреите излегоа на улиците;

-Во однос на ова Леа Коен, Еврејка од Бугарија ќе истакне, и е сосема во право дека: „Неколку генерации Бугари се воспитани со благородната легенда дека целиот народ, на чело со царот, парламентот и свештениците, побрзале да ги спасат Евреите предодредени за истребување. Авторите на оваа прекрасна бајка, сепак, не успеале да одговорат на едно едноставно прашање: „Да ги спасат од кого!? Истото прашање за Љубчо Георгиевски ?!

Се почесто од некои бугарски кругови се поставува прашањето, зошто македонскиот народ не ги спасил сопствените Евреи? Да одиме по ред. Македонија во 1941 година по барање на Хитлер беше окупирана од страна на бугарската наци – фашистичка армија, како дел од Кралството Југославија. Целиот административно и воено – полициски апарат беше бугарски. Недовербата кон Македонците беше толку голема што на истите не им се дозволуваше да бидат дел од административно-образовниот систем и беа носени луѓе од старите предели или Македонците беа испраќани на дошколување во Бугарија. Се поставува прашањето: Дали македонскиот народ ги донесе законот за заштита на нацијата и другите анти еврејските закони!? и се она што беше насочено кон Евреите – нечовечкиот однос, собирање на се што имаат, омаловажувањата….?

Во тој период  македонскиот народ беше подложен на целосна асимилација и денационализација од страна на бугарските власти. Колку народот и да веруваше во нивната мисија дека се ослободители бргу се разочара. Беа формирани партизански одреди организирани од македонските комунисти кои се бореа против окупацијата. Бугарскиот окупатор организираше повеќе судења на македонските партизани при што беа изрекувани и смртни пресуди. Исто така беа преземани интернации на оние кои не се согласуваа со бугарската окупација. Тоа сигурно не можеше да остане непознато за народот. 

Сликата за ослободителната мисија на наци-фаистичка Бугарија брзо се претвори во окупаторска слика. И самиот подложен на прогон, сега, од страна на еден поранеше премиер, Љубчо Георгиевски, се бара од македонскиот народ одговорност за тоа што не се спротивставил на испраќањето на Евреите во логорот на смртта Треблинка. Се поставува прашањето, а зошто бугарските владици и царот и неговите министри не испратиле порака до „администраторите“ на македонскиот народ и црковен клер во Македонија да го направат истото, бидејќи бугарската црква беше таа која се грижеше за душите на Македоците. Но тоа не се случи. Како може народ кој е под окупација и по вертикала и хоризонтала да пројави непослушност спрема окупаторите кои го контролираат целокупниот живот во Македонија. Згора на тоа, да не заборавиме дека подготовките за депортацијата на Евреите е направена во најголема тајност. Самиот чин, при обидите да им се достави било каков прехранбен продукт на Евреите во Монополот од страна на македонските граѓани, бил пресретнуван со закани од страна на бугарските војници и полицајци кои го обезбедувале Монополот, кој во март 1943 бил концентарционен логор за Евреите од Македонија. Прашањето е зошто бугарските стражари, „аминистратори“ не добиле наредба од нивните претпоставени да имаат почовечки третман кон Евреите?! Таква наредба немало затоа што зад сето тоа стоел бугарскиот наци-фашистички политички врв кој веќе ја издал наредбата за депортацијата на македонските, тракијските и  Евреите од Пирот.

„Во Бугарија излегоа на улиците во Македонија не излегоа на улиците да се борат да ги спасат своите Евреи“

Еврејското прашање од царот и неговите министри, било второстепено во однос на нивните територијални претензии, за другите бугарски политичари и јавни личности, станало морална кауза за правда. Тие личности биле: 11 бугарски епископи, меѓу кои особено биле активни Кирил, Стефан и Неофит, 43 пратеници предводени од Димитар Пешев, јавни личности, интелектуалци и најобични луѓе. Филов сметал дека ароганцијата на Евреите треба да се доведе во граници, а царот го делел гледиштето на Хитлер дека оваа „инфекција треба да се отстрани“. На средбата помеѓу царот и епископите, кога тие го изразиле своето несогласување и нехумано постапување со Евреите, царот, во одбрана на мерките преземени против нив, ја нагласил „големата штета што шпекулативниот дух на еврејството со векови му ја нанесува на целокупното човештво… Мора да се преземат мерки против злото што Евреите со пропаганда и шпекулации го создаваат меѓу нашиот народ“.

Митрополитот Кирил им се придружил на Евреите во дворот на училиштето во Пловдив каде што биле собрани. Царот се сокрил во својата резиденција во Чамкорија, но Кирил, сепак, му испратил телеграма. Во името на бога искрено го молам Вашето Височество за милост на Евреите. Реакцијата на свештените лица, дел од пратениците, претставници на професионални здруженија и др. ја спречиле депортација на Евреите до Бугарија.

Познато е дека еден број македонски фамилии и по цена на сопствениот живот успеале да скријат одреден број на Евреи кои ја дочекале слободата. Исто така, и македонските комунисти преку прогласи ги предупредија Евреите што следува и дека треба да бегаат. Беа повикувани и во партизани. Познато е дека дел од еврејската младина се придружи кон македонските партизански единици. Естреја Овадија-Мара е прогласена за Народен херој, која загина во 1944 на Кајмакчелан борејки се токму против Бугарскиот фашистички окупатор. Начинот на кој се настојува да се намали учеството на тогашна, нацифашистичка Бугарија, во најголемиот злостор во историјата  на човештвото навистина е без преседан. Народ кој што е окупиран, кој се бори против бугарската окупација кој е на страната на антифашистичката коалиција да се посочува како соучесник во злосторот е навистина зачудувачки.

„конечно до триест и девета година официјалната политика на Хитлер беше Германците?! да се селат во Палестина и на Германците!? им е давана можност на Евреите  да ги продаваат своите земјишта и да се селат во Палестина.

Почитуван Георгиевски, обидот за амнестирање на бугарскиот политички врв од одговорност дека не знаел за депортацијата и што се случува со Евреите ве демантираат документите. Имено, во 1939 година Хитлер, во Херберт, му се доверил на Борис III за своите планови за еврејското прашање. Во таа фаза тоа вклучувало само протерување на Евреите од Европа и конфискација на целиот нивни имот. Станува збор за конфискација, а не „продавање“.

Според Леа Коен „Да се брани невиноста на бугарската држава во дејствата извршени во 1943 година од страна на бугарските власти, нејзината војска и полиција, разни терминолошки штитови се измислени во последните 20 години. Еден таков е замената на концептот за окупација со терминот управувани области, специјално создаден да се применува за политиката на Царството Бугарија од 1941 година па натаму во делови од тоа што досега било државата Југославија“. Таа истакнува дека „оваа замена изненадува, имајќи предвид дека терминот окупација се користел на највисоките политички нивоа во периодот 1941-1944 година. Затоа, во неговиот говор од тронот во октомври 1942 година, царот Борис III ги пофалил и им се заблагодарил на „нашите окупациски трупи“.

Несомнено одговорноста треба да ја сносат сите оние кои беа соучесници и извршители на сето тоа – бугарската окупаторска администрација, војска и полиција т.е. наредбодавците – бугарскиот цар и членовите на неговата влада. 

Како што истакнува Коен, приказната за спасувањето и прогонот на Евреите во бугарското царство не може да ја заобиколи улогата на бугарскиот цар Борис III. Оваа улога е предмет на конфликтни толкувања како на ниво на историографијата така и во рамките на неговата перцепција од страна на јавноста. Круговите блиски до царското семејство, како и обичните луѓе симпатизери на последниот бугарски цар, се склони да му препишуваат неверојатни карактеристики. Меѓутоа, тие не се поддржани со докази. Секој демонстративен акт, како поставувањето плочи во Израел со кои се изразува благодарност на монархот, изложби и изјави дека тој бил „бугарскиот Шиндлер“ се силно отфрлени од официјалните меѓународни институции, но има и отфрлања и во бројни публикации. Универзитетот во Ерусалим спроведе детално истражување на улогата на царот Борис III, кое е поднесено до Врховниот суд и претседателот на Израел, резултирајќи со отстранување на меморијалните плочи на Борис III и Царицата Јоана од бугарската шума во Ерусалим.

„Така, конечно доаѓаме до прашањето дали знаеја владите дека Евреите се носат во гасни комори и во убиства, значи ако не знаеја во цел свет како тогаш да знаат, да го знаеше бугарската власт“.

Па еве како почитуван Георгиевски знаела бугарската влада за гасни комори и убиства.

Борис III бил предупреден за коцентрационите логори лично од Хитлер уште во 1939 година, во замокот Клесхајм низ кој во 1940  година требало да поминат сите останати сојузници на фирерот: Мусолини и гроф Чано, адмирал Хорти, Јозеф Тисо, Антонеску, требало да поминат за инструкции за еврејското прашање. По конференцијата во Ванзе на 20 јануари 1942 година, позната по извештајот на Хајдрих за „Конечното решение“ и ликвидација на 11 милиони Евреи од Европа, во Берлин на Александар Белев, лично му биле дадени упатства, а неколку месеци подоцна станал шеф на Комесаријатот за еврејски прашања. Според нив, Бугарија била составен дел од конечното решени.

И уште нешто, наспроти верувањето, дека Германците биле тие кои инсистирале „Бугарија да се прочисти од Евреи“, барањата, всушност, дошле од спротивната насока: во август 1942 година, владата на Богдан Филов започнала кореспонденција со фон Рибентроп во врска со план за такво „прочистување“ (Јüdenrein), вклучувајќи и плаќање на соодветната цена за ова дејство (100 рајх-марки по депортиран Евреин), транспорт од Бугарската државна железница (БДЖ), организацијата на транспортот за операцијата од Министерството за внатрешни работи и народно здравје, Комесаријатот за еврејски прашања, БДЖ и Балканското царско туристичко здружение. Овие средства биле добиени од даноците кои им биле наметнати на Евреите, продажбата на имотот на Евреите, кои значи дека со еврејски пари се пратени во уништување од страна на царска Бугарија.

Депортацијата на Евреите од старите предели и окупираните области од бугарските војски била договорена меѓу Богдан Филов и фон Рибентроп во периодот август – септември 1942 година и била поддржана со согласност од царот Борис III за на 22 февруари да се потпише Договорот за иселување (депортација) на првите 20.000 Евреи, 12.000 од окупраните територии а 8.000 од самата Бугарија.

Г-дин Георгиевски да одговори на прашањето „Зошто иселување (депорирање) на првите 20.000 Евреи ако се има предвид дека под бугарска контрола биле 60.000 Евреи, од кои 48.000 во самата Бугарија и 12.000 во окупираните територии? “

Треба да се има предвид дека во Бугарија, како земја сојузник, практично немало германски трупи (освен оние кои поминувале преку Бугарија во 1941 година на нивниот пат до Грција и добиле топло и пријателско добредојде од страна на бугарското население и власти). Германското присуство било намалено до мал број на набљудувачи, вклучувајќи ги и оние од военото разузнавање на Абвер.

Официјалната бугарска политика кон Евреите била усвоена и спроведувана свесно и со доброволна синхронизираност со официјалната политика на нивниот сојузник, нацистичка Германија, и во некои случаи дури и како нејзина имитација спроведена предвреме, како што бил случајот со Законот за заштита на нацијата од 1940 година.

На крајот како прилог, за г-динот Георгиевски, само дел од она што се случи со спасените Евреи во Бугарија:

Откако пропаднал оригиналниот план на Бугарија, за депортација на првите 20.000 Евреи во окупирана Полска и договорот на царот да се ослободи од 25.000 „непосакувани Евреи“ (оние со економско и општествено влијание), владата на Богдан Филов му доделила нова стратегија на Комесаријатот за еврејски прашања: нечујно иселување на еврејското население од големите градови, кое веќе било собрано во гета таму, негово распределување во мали населби, главно, во северна Бугарија, имајќи ја предвид нивната логистичка близина до центрите за депортација (како што се пристаништата на Дунав) и, со тоа, прекршувајќи ги линиите на поддршка кои можат да дојдат од нивните родни градови (Софија, Пловдив, Ќустендил, Дупница итн.), каде еврејското население било многу интегрирано и можело да се потпре на помош од нивните бугарски сограѓани. Планот бил спроведуван во фази и во целосна тајност. Како резултат, Евреите од Софија биле депортирани меѓу 25 и 27 мај 1943 година во северна Бугарија. Голем дел од нив биле собрани во 11 часот навечер на 27 мај 1943 година, скриени од очите на љубопитните сведоци и однесени од главниот град под маската на темницатa.

Во местата за депортација, како што истанува Коен, а и самата го искусила ова депортирање, Евреите биле ставени во ужасни услови, сместени во куќи и бараки во ромските и турските населби, без право на слободно движење, лишени од сите начини за егзистенција, па дури и без работи за домаќинство. Тие останале во овие услови до влегување на Црвената армија во Бугарија, по што тие го започнале своето хаотично враќање во нивните родни места, каде увиделе дека нивните домови се окупирани и нивните работи украдени.

Начинот на кој се настојува да се намали учеството на тогашна, нацифапистичка Бугарија, во најголемиот злостор во историјата  на човештвото навистина е без преседан. Народ кој што е окупиран, кој се бори против бугарската окупација кој е на страната на антифашистичката коалиција да се посочува како соучесник во злосторот е навистина зачудувачки. Наместо Бугарија, денес, да ја прифати сопствената одговорност, за депортацијата на Евреите од Македонија и другите окупирани територии од Грција и Србија, се настојува таа да се пренесе на друг. Но, за среќа историските факти, зачуваните сеќавања на преживеаните и оние обични граѓани кои биле сведоци на сѐ она  што сѐ случувало тие денови со Евреите ги демантираат сите настојувања вината да се префрли на македонскиот народ.

Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top