На прво место

Каде беше Османи кога Бугарија не негираше како народ?

UV Verni na Organizacijata

                  1uv11 copy copy copy copy copy copy copy

Бујар Османи повторно ја игра старата плоча со лажен морализам, политичка патетика и со селективна меморија се обидува да го напаѓа премиерот Христијан Мицкоски. Но, овојпат, иронично, тој се жали на говор на омраза, религиска нетолеранција и популизам – како да не беше токму тој и неговата партија ДУИ архитектите на тие појави кои со години ја разградуваа државата однатре.

Османи, како шеф на дипломатијата во времето на СДС и ДУИ, не беше само пасивен сведок на капитулацијата на македонскиот идентитет тој беше активен извршител. Потпиша безусловна преговарачка рамка со која Бугарија доби право на вето, ја легализираше асимилацијата на македонскиот народ и прифати уставни измени без никакви реални гаранции. Сето тоа под изговор на „европски вредности“, зад кои всушност се криеше геополитичка трговија и лична амбиција за фотосесија со европски бирократи.

Каде беше Османи кога Бугарија не негираше како народ?

Кога бараше да се избрише македонската историја?

Кога се отвораа бугарски клубови со имиња на фашистички соработници?

Молчеше. Зошто?

Затоа што тој беше дел од коалицијата што владееше со концесија сè за фотелја, ништо за држава.

Кога Османи повикуваше на „света борба за двојазичност“, тој не го правеше тоа од љубов кон мултикултурализмот, туку како параван за клановска корупција, клиентелизам и непотизам. ДУИ не ја користеше власта за еднаквост, ја користеше за монопол, за кражба на буџетот, за контролирање на правосудството и за креирање држава во држава. А резултатот? Осиромашени граѓани од сите етнички заедници, заробена администрација и недоверба во институциите.

Господине Османи, Македонија е и дом на Албанците, но не и на политичари кои ја понижуваат и распродаваат. Вашите обвинувања кон Мицкоски се празни и лицемерни, затоа што токму Мицкоски се бори за Македонија што нема да биде ничиј протекторат. За Македонија каде идентитетот не се распродава, каде народот одлучува, а не елитите зад затворени врати. За држава каде што сите се еднакви ама и одговорни пред законот, без оглед на етничката припадност.

Историјата нема да ве запамети по тоа што се „грижевте за соживот“, туку како министерот кој ја предаде сопствената држава со наведната глава. Како човекот кој го жртвуваше идентитетот на сопствените сограѓани и Албанци и Македонци за да остане во влада.

Време е некои луѓе да замолчат. И да се соочат со вистината: Македонија конечно влегува во период на обновена достоинственост. И тоа не благодарение на вас, туку во инат на сè што Сте наравиле ротив интересите на Македонија за која велите дека е и Ваша.

Да ја чуствувавте Македонија и како ваша Г-н.Османи, немаше да потишувате договори кои се против интересите на нашата и како што милувате да кажете и ваша Македонија.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top