На прво место

ИГУМЕНОТ ГЕОРГИЈ Е ИЗБРАН ЗА НОВ МИТРОПОЛИТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ

vladika

vladika

Единаесетти јуни 2025 година ќе биде забележан со златни букви во аналите на Македонската православвна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Имено, на тој ден Светиот  Синод на  МПЦ-ОА донесе едногласна одлука македонската црковна јавност да го добие за наследник на Дебарско-кичевската епархија, неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј кој е веродостојникот со силно академско поткрепување, богато духовно и дипломатско искуство и со неспорен авторитет во богословските кругови.

Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е едногласно избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија на седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија одржана на 11 јуни 2025 година.

Тронот на Дебарско-кичевската епархија беше упразнет по упокојувањето на Митрополит Тимотеј во ноември минатата година. Денот на ракополагањето во епископски чин на новоизбраниот митрополит Георгиј ќе биде дополнително соопштен.

Инаку, игуменот Георгиј е роден на 24 јули 1968 година во Скопје, како второ дете во семејството на Душан и Даница. По завршување на основното образование во 1982 година, се запишува на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево, каде матурира во 1986 година како дел од деветнаесетта генерација.

Високото богословско образование го продолжува на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде и дипломира. Во октомври 1990 година се враќа во Богословијата во Драчево како предавач на предмети како Свето писмо на Стариот и Новиот Завет, Црковнословенски, Старогрчки и Латински јазик, Црковно пеење и Теорија на музиката.

Во 1993 година започнува последипломски студии на Источниот институт во Регенсбург, Германија, а следната година заминува во Рим, каде во 1996 година магистрира, а во 2000 година докторира на Понтификалниот Универзитет „Грегоријана“ во Рим.

По враќањето во 1999 година, предава во Богословијата, а од 2001 година е професор на Богословскиот факултет во Скопје по предметите Вовед и Егзегеза на Светото писмо на Стариот завет и Библиска историја со археологија.

Од 2000 до 2010 година беше шеф на Кабинет на Архиепископот, а во периодот 2000-2007 година и секретар на Американско-канадската православна епархија.

Во периодот од 2010 до 2014 година ја извршува функцијата амбасадор на Република Македонија при Светата Столица во Рим.

По завршувањето на дипломатската служба, се враќа како професор, а од 2016 до 2023 година беше два мандати декан на Богословскиот факултет.

Активно учествува во Македонското библиско здружение, каде од 2020 година е генерален секретар. Учествувал во подготовката на ревидираното издание на Светото писмо од 2006 година и во преводот на Новиот завет (2023) и Псалмите (2024). Член е и на комисијата за превод на Богослужбеното Евангелие (2008).

Во текот на студиите бил уредник на списанијата „Млад богослов“ и „Православен благовесник“. Од 2002 до 2006 година беше главен уредник на „Православен пат“, од 2016 година е уредник на Годишниот зборник на Богословскиот факултет, а од 2025 година претседава со уредувачкиот одбор.

Автор е на неколку книги и бројни научни трудови. Владее италијански и англиски јазик, а се служи и со германски и француски.

Замонашен е на 27 мај 2025 година во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Скопје. За јероѓакон бил ракоположен на 28 мај 2025 година, а за јеромонах на 29 мај 2025 година. На 8 јуни 2025 година е произведен во чин игумен.

На новиот митрополит Дебарско-кичевски му посакуваме многу години плодна и благословена служба!


Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top